свој (прид.) - природа (имн.)

Во секоја перцепција на „нашето“ тело на необјаснив начин е содржана и перцепцијата на надворешната телесност која влијаела врз него.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така „нашето“ тело е поврзано со својата природа и целата природа е еден сам индивидуум - нашето стварно тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но Македонија ја содржи, во својата природа, плуралноста и јас мислам дека сите ние, пријателите на Македонија, треба да ѝ се придружиме во спасувањето на овој плурализам, бидејќи добро знаеме колку е тој денес загрозен и колку закани го демнат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа право е недискутабилно за професорот, како што е недискутабилно и за неговите студенти, односно за сите други, само во онаа мера во која за целото општество вреди како саморазбирливо дека осознавањето, човечкото знаење, дури културата како таква, е нешто по својата природа достапно само до елитите, значи нешто што во есенцијална смисла е одвоено не само од општеството туку во крајна линија и од политиката. 40 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Луѓето не стануваат она што требале да станат според својата природа, туку она што од нив го прави општеството...благородните чувства...како да се собираат, свенуваат, насилно оттргнати и отсечени за да ни доликуваат во општењето со светот - налик на деца-питачи, осакатени и унакажани од родителите, за да што подобро се вклопат во она што ги чека во животот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Доколку човекот поради несовршеноста на својата природа, е повикан да го поднесува одминувањето на времето низ категориите на минатото и на иднината, тогаш тој никогаш не е во состојба да оствари цврста, реална категорија на сегашноста.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Судбина на човекот е, пред судот, најверно да сведочи за својата природа, за својата вера и за својата вистина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Откако ја изнакажа целата оваа реченица и пол, Ане го дигна бинлакот и натегна од него завидливо долга голтка - дали да го омекне исушеното грло, дали да го овлажи скоравениот јазик или просто да земе здив пред да се врати на својата природа на молчење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако веќе треба да се одбира меѓу кич, пошлост, trash, меѓу bad и BAD, го одбирам едноставното, непретенциозно ѓубре. Trash, ѓубрето кое не ја крие својата природа, кое е еднозначно и вулгарно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Премногу учтиви, сите ние во некоја мерка сме следбеници на Пруст или Бергсон; мислиме дека во нас постои нешто, што не може да го пронајде излезот во просторот, некоја „должина“ која во својата природа е повеќе музичка, отколку што е ликовна, која во суштина не може да се замисли.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Прво, хонорарното ангажирање по својата природа е флексибилно и периодично за разлика од редовниот работен однос и правата кои се уживаат од редовен работен однос се поголеми отколку во случајот на хонорарното ангажирање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Она што се нарекува среќа, во најтесно значење на зборот, е изненадно задоволување на силно насобрани потреби, а по својата природа е можна само како епизоден феномен.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Твоето дефинирање на среќата нема ништо суштински блиско со среќата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓутоа, привидението било многу високо по раст, имало огромни мустаќи и упатувајќи се по сѐ изгледа кон Обуховскиот мост, наполно исчезнало во ноќниот мрак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И навистина, еден коломенски позорникар со сопствени очи видел, како што се разјаснило, зад една куќа привидение; но бидејќи по својата природа бил слаб, така што еднаш обично повозрасно прасе, откако излетало од некоја си приватна куќа, го соборило наземи, на громка смеа на кочијаши што стоеле околу него и од коишто тој побарал по еден грош за тутун поради ваквиот подбив,  и така, бидејќи бил слаб тој не посмеал да го запре, туку така си одел по него низ мракот сѐ додека привидението наеднаш не се свртело и, застанувајќи, не прашало: „Сакаш нешто?“ – и му покажало таква тупаница, каква што тешко ќе најдеш меѓу живите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Њујоршката федерална армија застанува на страната на Queens, таа е федерална, таа е армија, таа по самата своја природа секогаш ја сака поголемата територија. Bronx е веќе до половината срушен, има многу мртви.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Исто така важна улога би одиграло и институционализирањето на еден друг вид финансиска поткрепа на уметничките облици кои по самата своја природа не можат да бидат комерцијализирани (инсталациите, перформансите, видео артот), а тоа е јавната нарачка (публиц цоммиссион).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа се тие патријархални „компетенции” што ни порачуваат дека нив не ги интересира историскиот живот на народот кој се развива правно, економски, културно, кибернетички, кој ја рационализира својата природа и во една цивилна општествена форма ги испитува одредува причините и последиците на своето историско постоење.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Војната практично ја промени својата природа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па сепак минатото, иако по својата природа променливо, никогаш не беше променето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Човекот ќе се движи по проклетите патишта на историјата, заклучуваше Татко, оддалечувајќи се судбински од својата природа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Маргина 34 31 Ова приближување на уметноста и животот, кое останува главна тензија на векот, не би можело да се случи доколку временската рамка на самото дело не ја смени својата природа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Освен тоа, ’frontier’ интегрира (затоа што им дозволува на аутсајдерите да се адаптираат на моделите на однесување на таа држава, а на луѓето внатре во државата им овозможува уредна транзиција 4 Ibid., p. 216. 5 Види Hastings Donnan and Thomas M. Wilson, Borders: Frontiers of Identity, Nation and State. (Oxford: Berg Publishers, 1999), 45. 14 кон местата и луѓето надвор од границата), додека ’boundary’ по својата природа одвојува (затоа што постои заради раздвојување на населението и политичките тела, за правење разлика помеѓу инсајдерите и аутсајдерите, за контрола наместо за интеракција).6 1.2 Функции на границите Етимолошки, границата има цврсти корени во земјата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Секогаш посакувам да го видам просторот повторно, бидејќи тој ја губи својата природа со предметот во себе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Гоце Делчев, широк и хуман по својата природа, ценел и сакал секого во кого верувал дека искрено се бори за ослободувањето на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ја очекува слободата од интервенцијата на Европа, сфаќаа, значи, дека револуционерна Македонија нема сили да се расправи сама со Турската империја, и сепак веруваа дека европската интервенција ќе се предизвика полесно и побрзо преку терор против истите Европејци, преку една борба која по својата природа буди кај Европеецот одвратност и која, третирана како ’анархистичка’ беше погодна за најпакосна за македонските борци експлоатација од страна на непријателите“212.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)