Само повремено, заедно со придружничката, одеа во Прилеп или во Битола, колку за да се рашетаат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со неа го прекрши и железното правило кое го имаше зададено за сите психоаналитичари: пациенти не смеат да им бидат нивните блиски, сеедно дали им се родители, сопружници, браќа и сестри, или пак деца, затоа што тоа би отворило можност за манипулација во секојдневниот живот, а самата анализа би претрпела неуспех.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Така стануваше со Јована Акиноски сѐ до 1952-та, кога бегајќи од колективизацијата, засекогаш си замина од Потковицата, заедно со тефтерот, и заедно со последната своја придружничка со која, пред почетокот на последната Голема војна, во 1939-та, како и многумина други и тој довстаса во Потковицата и за сето време на војната, и потоа, остана да биде на товар на луѓето кои работеа на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Татко ѝ одамна, уште од нејзиното детство, свесно или не, го подготвуваше постоењето на таа празнина, правејќи од Ана своја придружничка, соговорничка, довереничка, исповедничка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Почекај, чесен збор, ќе видиш.“ ни Марко Проказник не го разбираше својот придружник.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Никој не знае кое време го избрал за свој придружник нашиот пријател, - реков - не смееме дури ни да помислиме дека сме негде близу до вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не ја знам причината а сепак сум сигурен дека тој се одредил за најдоброто од она што му било понудено.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)