свој (прид.) - префинет (имн.)

Но кое значење?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што тоа пренесува ова крајно стандардно црносериско средство?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Критиката на црната серија (филм ноар), и покрај сета своја префинетост и сите постигнувања, не може да ни помогне тука; нема што да каже за особеното значење на овој стилски елемент во контекстот на овој филм.380 ‌Точниот ефект што тој кадар, осветлувањето на лицето и самото лице го произведуваат го надминува она што техничката анализа на визуелната реторика во кинематографијата ни овозможува да го доловиме, зашто визуелната анализа не може да навлезе во контекстуалната, општествена димензија на сликата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може да навлезе во формата, но не и во нејзината содржина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)