свој (прид.) - престол (имн.)

Ги минуваше последните денови како заточеник на слободата, осамен во својот престол, следен од повиците на своите верници: Маченик, маченик, маченик...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
28. ГЛЕДАШ ОРЕВ, СКРШИ ГО, А ОНО ТАМУ ПРАЗНО МЕСТО - исушена внатрина гледаш како долга ноќ без зора, ниту црвот, што е црв, не би сакал за свој престол да има орев така шуплив, макар бил со тврда кора...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Во годината четиристота царот Јуан го обиколи својот престол со Големиот Ѕид. Земјата беше зелена од дождовите, наближуваше жетвата, мир владееше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
За чудо уште верувам во тоа дека јас и Бојана ќе го турнеме Стојан од својот престол... или да си бидам искрен пред себе си – сеедно ми е како сето ова ќе заврши... господе само немој да им наштетат на мајка ми и на татко ми... ако работите тргнат наопаку белким ќе бидат задоволни со мене и мојата смрт... * * * - Бојана мора малку да го потсредиме нашиот гардист.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Постојано веруваше во некаква буна на самата судбина која ќе ги доведе работите на праведното место!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сјајот на скапоценостите во нив засенува на секој чекор и човек би помислил дека падишасите се натпреварувале еден со друг своите престоли да ги искитат со повеќе злато, дијаманти, смарагди.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој се надоврза на Татковото кажување за крајот на јаничарите: Значи, така Балканот и Европа, султаните и самата Империја се ослободија од постојаните и непредвидливи закани на јаничарите, кои веќе заземаа место во легендите, додека султанот Махмут II можеше да ја забрза реализацијата на програмата на своите реформи и цврсто се одржи одржа на својот престол.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)