свој (прид.) - презир (имн.)

Во друга прилика, на еден од своите соговорници тој му го образложи својот презир кон терпентинот со фактот дека сликарството што се засновува на „мрежницата”, секогаш, во крајна линија, е некој вид на ready- made, бидејќи сликаревиот творечки чин се сведува на одбирање помеѓу она што се наоѓа на тржиштето на индустриските бои, за потоа тоа да го распореди по своето платно на истиот начин на кој тој самиот заминувал во продавницата за да одбере ваков или онаков индустриски произведен предмет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Голем дел од нив си доаѓаа дома барем еднаш на неколку години, по некое непишано правило в лето, за да го искажат својот презир кон плитката памет и лошата материјалната состојба на своите земјаци во татковината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се вживуваше и гласот му затреперуваше раздразливо кога го изразуваше својот презир кон затворот и опасностите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Грците ја уништија Охридската архиепископија затоа што се спомнуваше името „бугарска”, како историски reliquium, но го употребуваа името Бугарин за да го овоплотат во него својот презир кон сѐ словенско.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)