свој (прид.) - почеток (имн.)

Еден дел од овие гени и хромозоми, можеби, својот почеток го имаат во далечната Анадолија, за да се вкрстат со други, во срцето на Балканот, во Прилеп, па потоа кон нив да се вклучат други, некаде од областа Сул, крај Јонското Море, за да продолжат кон бреговите на Езеротои, оттука, да започнат нов балкански круг.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Капка една удира во окно железно, жолт цвет во тревата умира целосно во пролетта што на својот почеток гасне, цвет од илузии повторно расне.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Се чини дека во своите почетоци иконокластичкиот бунт против конвенционалната и возвишена уметност ја стави во сенка, иако само за миг, секоја (Редимејди) подлабока мотивација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ом GLORIA MOURE Етичкиот или естетичкиот исказ или доказ, дело, општото место на трансформацијата на знаците и значењето, редимејд-от, со сета READY-MADES своја “груба” непосредност, парадоксално го воведува креативниот и комплексен пристап кој се плаши од било каква конвенција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А се сеќавам на своите почетоци пред години, кога го снимав младиот Минхен Муаремов, во розов фустан и црна перика на главата, како рецитира една стихотворба што тогаш ја смисливме и ја крстивме „Песна за Холивуд“...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Чекореше и ги броеше чекорите еден, два, три, четири и пак едно, две, три, четири... и го знаеше својот почеток но не можеше да ја наслути својата иднина, својот крај, дури ни својот утрешен ден.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нормално, боли смртта на блиските, но, сепак, треба да бидеме реални дека и животот има свој почеток и крај, па добро е ако тоа биде во подоцнежни години.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И тој, како многумина вечни државници како да веруваше во договорот со Бога да биде негов доживотен пратеник на земјата, да владее до крајот на животот, а ако може и по него...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кривата на владеењето си имаше свој почеток, извишување, врв и пад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)