Ја продолжуваше својата потрага.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но, на крајот, и обајцата беа убедени, покрај постојните резерви, дека мора да одат напред, во својата потрага, барем да се пресметаат со стотина зборови, избирајќи ја гротеската, хуморот како најмоќно средство за нивниот наум, верувајќи дека само така ќе има некаква смисла нивниот проект и ќе остават некаква трага за идните времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Љубопитството на Камилски одеше натаму.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Стравуваше Татко, кој беше навлегол длабоко во балканската историја, со својот живот и со своите потраги, да не ја релативизира опасноста од натамошното постоење на јаничар, овој, според него, најопасен збор не само на Балканот туку и на светот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И така, заклучи Камилски, откако ја исцрпи својата потрага во речниците и енциклопедиите, чини (ini) значи кинески, кинески порцелан, порцелан воопшто (шолји, чинии и сл.), додека денеска значи керамичка плочка (за обложување) фајанс, порцелан, од керамички плочки, поплочен, порцуланисан итн.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се прекоруваше зошто не ја беше почнала својата потрага.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Својата потрага Рада ја започна преку еден свој пријател од детството, тивко и ненаметливо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За време на својата потрага очајно посакуваше макар една од рожбите на Рада да се најде во рацете на Снежана и Саво.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сѐ што Татко насетуваше во своите свети книги опкружен со марксистичките и со своите потраги во судбината на својот народ по падот на империите, посебно последните три (Римската, Византиската и Отоманската), и сега во загработ на сталинистичко-комунистичката империја, сѐ што можеше да предвиди, јас како да го откривав во музеите, во театарските претстави, во страдањето на вековно спротивставуваниот менталитет.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Крајниот подвиг било да се оспори монополот врз достоинственоста што го држеле тие на чија жалост ѝ била завештана автентичност и, во тој степен, имунитет од обезвреднување и од подбив.194
Во својата потрага да создадат општествен простор и изразен јазик за претставување на сопственото доживување на загубата, италијанските вдовици од Фајер Ајленд се свртиле кон најблиското расположливо културно средство, кон модел на трајно, неутешно жалење што е тематски соодветно за нивната емоционална и етничка состојба, но крајно во расчекор со нивниот род.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И јас, во својата потрага по излези од балканската историја, го споделував нивниот пат, барајќи излез со животот што беше пред мене, со делот што ми престоеше во мојот дел на лавиринтот, посебно во моите дипломатски години, кога судбината ме доближи до големите владетели и во нивните судири со историјата, во нивните долги престои во лавиринтите на владеењето, кога на крајот завршуваа како неизбежни жртвени јарци на историјата, верувајќи дека се нејзини победници, избраници - или од народот или од Бога!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа не можеше да ја следи татковата стратегија во однос на балканската книга, не беше уверена дека целта им беше заедничка...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
По својата потрага, тивко ми рече: Фреските се цртани пред векови, но луѓето се истите, со пламната боја на лицата, колку и да ги збрчкала патината!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ми ја остави како несвесно наследство својата потрага. Пожолтениот ракопис на својата недовршена балканска потрага.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И потем, излезен од манастирот, гледајќи во бескрајната синевина, слегувајќи на брегот, сретнуваше луѓе во августовската жега.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бараше упорно аргументи во времето во кое живеел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше готов да ја споредува својата потрага по патот на јагулите со онаа на Игор Лозински. Беше невозможно.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Согоруваше во својата потрага по разликите на феномените на природата и застранувањата во нејзиниот поредок, најчесто предизвикани од човекот, со оправдување дека се работи за виши цели.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
За Татко, Игоровото сведочење беше од капитално значење да ја продолжи својата потрага за Историјата на Балканот низ падот на империите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И сега, кога Татко беше во зенитот на својата потрага по старите отомански документи во кои се сокриваше тајната на идентитетот на семејството, во потрагата по ракописната Атлантида во која се криеше историјата на заминатите и исчезнатите на неговиот народ и другите народи на Балканот под отоманска власт, се префрлуваше во потрагата по природните закони во откривање на еволуцијата на живите суштества во Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)