свој (прид.) - потомство (имн.)

Таков ви бил к'сметот: робје сте се родиле — робје ќе умрете како ние и нашите дедовци, — му одговори тивко татко му со очигледна тага на душата што не може да ја измени судбината на своето потомство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите предедовци и да почитува сѐ што имаат тие направено за своето потомство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Многу родители несериозно гледаат кон “чкртањето” на своето потомство, некои дури се обидуваат да го миноризираат ваквиот порив на своите деца гледајќи опасност по хигиенските концепции етаблирани во нивните малограѓански кутии.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тогаш човекот е најпродуктивен и најмногу твори, а плус го остварува своето потомство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пример рибата: за да го продолжи своето потомство, во зависност од видот, исфрла од 15 илјади до 150 милиони икри годишно; матицата на пчелата за три години снесува околу три милиони јајца; жабата шест илјади годишно; и човекот непотребно се расфрлува: во изливот на семето исфрлува околу 200 милиони сперматозоиди.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)