свој (прид.) - постапка (имн.)

Јасна во своите постапки и оправдани принципи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ондин, цело време мумлајќи, и самиот сака да го напу­шти снимањето, но успеваат да го вратат и тој се впушта во долг монолог против девојката обидувајќи се да ја оправда својата постапка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сфаќајќи, на свој ужас, што се случува, таа станува и бега.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Началникот почна оддалеку да ја поздравува протиница, добро внимаваше да не ја налути со некоја своја постапка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секогаш кога ќе одеа нашинци во Белград, за да служат војници, или за да работат, или за да се лечат кај тамошните доктори, тој секогаш, скришум од своите, молејќи се никој да не дознае за тоа ги поздравуваше Благуна и Видана и им пушташе, колку за здравоживо, по некоја пара.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа тогаш не го прими Видана, дека мислеше оти Благуна малку истргала за својата постапка, и оти неќеше да им даде можност на другите да го шетаат од уста до уста и повод лесно да се измируваат со стореното. Но и не престана да мисли на нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
(...) Старова со романот Атеистички музеј, повторно ја менува својата постапка, сега таа е прозна фактура и нагласено кадареовска, надоврзувајќи се на романите Времето на козите и романот од фрагменти Татковите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ја анализирав својата постапка додека фијатот во кој бев седнат зад Х.Х. грабеше на отворениот пат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И не од својата постапка, туку од положбата во која се најдов: да ѝ објаснувам на Таша дека е заборавена и тоа од оние поединци кои во најтешките моменти можеле да го сметаат нејзиниот дом за најсигурно засолниште.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А помеѓу таквите спаѓав и јас!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Подоцна разбрав дека Пенчо успеваше во сѐ зашто не бараше ни пат ни начин во своите постапки, зашто до целта го водеше само јатката желба да го стори она што го сака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Според валијата и според Силјанов, загинале 11 селани, а 74 (според Силјанов околу 40) селани, коишто не успеале да избегаат, врзани биле донесени во Битола, каде што биле грозно мачени, а од нив 18 подоцна биле осудени. 147 Извештаи од 1903, 206. 148 Српскиот конзул Ристиќ повторува дека Организацијата “ниту со една своја постапка не даде непосреден повод“ за овие несреќни настани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие го пренесоа центарот на Револуционерната организација заедно со сите национално-политички прашања во Македонија за да бидат слободни во своите постапки од бугарската влада.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но таа беше бесполезна, па и опасна, не само за тие што се критикуваат, ами најпосле за тие што критикуваат: Комитетот беше сесилен; тој ги имаше во своите раце животот и смртта на сите граѓани и не примаше никаква критика на своите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Наглас се кажа она што тој со денови го мислеше, неправдата што го гореше, агресијата врз неговиот личен и национален мир која не можеше да ја сфати, како што не можеше да сфати со која своја постапка, како човек или како Македонец, тој придонел да се најде во оваа ситуација.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колку наивни му се чинеа неговите сопствени зборови од пред неколку години, кога во Вашингтон зборуваше дека ја обезбедиле комплетната стабилност и безбедност на Македонија, дека го намалиле стравот на граѓаните од каква било помисла дека политичарите со своите постапки можат да го нарушат внатрешниот мир во земјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Би се зачудил секогаш на таа своја постапка, но сега тоа беше токму тој, со она лебдење во својот поглед, и ја стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Цела ноќ и цел ден му беа потребни на Томо да ги оправда своите постапки во полицијата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Луѓето што ужи­ваат дрога би можеле да се сметаат правно одговорни за своите постапки онака како што се тоа денес пијаните возачи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сите забрани, со исклу­чок на одговорноста за продавање на нечисти производи, кои се однесуваат на моментално забранетите дроги, би можеле да се укинат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Порано беше несреќна, но го контролираше своето однесување и држење, своите постапки, а сега заплисната од радоста, им се препушташе на чувствата и страстите бацувајќи го Богдана пред сите или водејќи го за рака во собата на љубовни наслади, среќна и благодарна што Богдан ја преобрази, што цветот на нејзината убавина, извлекувајќи го од нејзината мрачна душа, го разви и расцути.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој говореше чудни работи.“ „И?“ ја дигна главата брат му. „И - после?“ „Ништо“, рече Отец Симеон. „Мислев само на наследноста.“ „Бараш ли оправданост за своите постапки?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа слобода ѝ ја подари Стево Трајчов со своите постапки на човек кој знаеше во тие мигови да ја фрли од лицето службената маска, да ја раскопча кошулата, да отвори вино и седнат на фотелјата нога преку нога, со високо крената глава, од извесна дистанца, да го гледа нејзиното слекување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Оставана често сама, во клетата туѓина, како што велеше таа, мораше, во својата мисија, да се снаоѓа самата во пресудните мигови, како што знаеше и умееше, барајќи за своите постапки, кога беа во прашање чедата, да му полага есап првин на Бога, а после на државата, на идеоло­гиите, на другите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се разбира, напати јас се срамев од своите постапки.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сигурно за да го оцени ефектот на својата постапка?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Поради ваквото однесување на Радуле Анастасија заклучи дека тој сите свои постапки, дури и најсрамните, па и тогаш кога ѝ ги соопштува само на Стојна, ги зачинува со дрското објаснување дека нему не му пречат љубопитните сведоци на неговите намери.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Некои жени“, ме поучуваше Соња Пазарџиева„, во своите постапки не се разликуваат многу од вас, мажите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ти самиот констатира дека тие еднаш веќе платиле за своите постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Саканите, кои со своето однесување напати умеат и да нè растревожат многу почесто за своите постапки заслужуваат почит, благодарност па дури и восхит.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И тогаш кога нивната верност нѝ се чини непромислена останува во таа непромисленост саможртвата а неа не смееме да ја одминеме незабележано и без нужната почит.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секој ден ми станува сѐ појасно, велеше тетка Боса, дека всушност смртта со своето однесување сака само да покаже дека се труди да внесе темелност во своите постапки!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За нив приказната е завршена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нели, многу пати имате доживеано да се почувствувате изневерен и да помислите дека некој од блиските ве игнорирал, дури и повредил, иако со својата постапка всушност посакувал само да ве поштеди!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ете, го облекла; ќе го носи додека не се врати, и најпосле ќе ја објасни својата постапка како единствена можност да му се згазне на опашот на машкиот шовинизам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А кажи ми ти некоја добра причина за да го премолчам она што веќе го сториле, и притоа и до сега се казнувани за своите постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со некои свои постапки дури настојуваше и да ја исмее.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дека пренесувањето на нивниот разговор кај задолжените за сигурноста на земјата не ќе претставува никаква новина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Татко ти беше дури и премногу воздржан, со резервирана насмевка; сите свои постапки како да ги држеше под контрола, па сепак беше и прилично учтив и внимателен; дури не ме ни праша што готвам за ручек а тоа беше неговото прво прашање кога ќе влезеше во собата; веројатно сметаше дека и ручекот е домашна тајна; само се накашла погледна лево- десно, и изгледа се сети: отиде лично надвор во тремот, го поткрена капакот на тенџерето, а јас го дочекав како и секогаш со онаа моја забелешка "виде?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира многу е полесно ако можеш да застанеш скраја од сѐ, па без лутина и рамнодушно да ги проценуваш своите постапки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нема храброст да се сретне со нејзините отворени очи оти што треба да стори со себе ако и во нив не најде одобрување за својата постапка?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
По оваа изјава, во голем број филмски магазини се појавија текстови со наслови од типот „Каприција, заробеното девојче”, „Девојчето од далечното Скопје”, „Врати се Тринида”.....
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа девојче има семејство и пријатели тука, во Скопје, од каде што нема да излезе сѐ додека не стане сама одговорна за своите постапки”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Притоа, секогаш го прескокнуваше зборот незгодна, иако беше многу свесен за своите постапки, сепак продолжуваше по свое.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој мене ме остави, а потоа доби само одговор за своите постапки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)