свој (прид.) - последен (имн.)

Имаше моменти кога фактот дека неминовно ги чека смрт изгледаше исто толку опиплив, колку што беше и креветот на кој лежеа и тогаш ќе се стиснеа еден до друг со очајничка сензуалност, како што осуден грешник го граба своето последно парче задоволство кога часовникот покажува пет минути до извршувањето на пресудата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ден Горскиот штаб го одржа своето последно заседание.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Откако се поздрави со Татко, посака добра работа и си замина бесшумно, Камилски го отвори средишниот таен дел на библиотеката и од него извади шише со француски коњак курвоазије, кое го донесе со шишето шампањско од своето последно патување во Париз и го чуваше скриено зад книгите за ептен ретки пригоди, каква што ја сметаше и оваа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
При своето последно патување во Париз, купувајќи порачани и други книги за јаничарството за Татко, нему во еден музички магазин вниманието му го привлече една грамофонска плоча со композициите на Турскиот марш од Моцарт, финалето на славната IX симфонија на Бетовен, Воената симфонија број 10 од Хајден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа му налеа на Татко и себеси, па, како во здравица, рече: Да ги кренеме овие чашки коњак за наше здравје и за досегашната успешна работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Необјаснивото исчезнување на нашиот предок, патрицијот, кој на своето последно патување реши да го потопи бродот со сиот мистериозен плен и да остане на некое, за нас безимено, за него единствено острово – пречувствува дека исчезнувањата се далеку од баналните објаснувања за неминовниот крај.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Оној другион, спикерот, носло, со клапнати уши, ама гласот ко на Клерк Гебл...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во своето последно писмо, од пред неколку дена, ми прати и свежа песна: Пријателе, ноќеска зборува за Југославија и пушев ситно сецкан тутун Херцеговец.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Свечерувањето пристапуваше тивко и Глигор со едно мирно чувство во себе трпеливо раскажуваше за своето последно бегство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бидејќи, остарениот субверзивец токму го проживува своето последно револуционерно стојалиште.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кревки беа моите спомени за мојата турска баба кога ја видов пред педесет години, кога го мина Езерото, границата, по своето последно патување во Цариград.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Едниот беше Џорџ Смит, со пешкирот преку рамо, излезен на на своето последно посветување.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)