Точно, тој не се сврти кон мене туку неговиот показалец...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ниеднаш не беше свикнат да не мисли на ловот пред тој да биде уловен и сега се чувствуваше некако празен од таа своја помисла.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Заборавив да напоменам, или поточно да се сетам, дека кон масата ме упати и прстот на иследникот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Си немал контрола ни над сопствената мисла, па затоа не си можел да ја следиш за да дознаеш кога заминала, каде, зошто го сторила тоа, по чие барање или наредба?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се преправаш дека те збунува болката поради божемната отсутност на насмевката на мајка ти; дека те измачува недофатливоста на нејзините зборови и тоа сега, додека упорно настојуваш да го допреш со својата помисла ликот на таткото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Додека послушно чекорам кон масата што вистински потсетува на училишна клупа, со многу празни лисја расфрлани по неа, многу упорно ја проверувам токму оваа своја помисла: дека за среќа немам што да загубам?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)