свој (прид.) - полубрат (имн.)

Го засака својот полубрат, како и својот брат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Затоа, во предизвикот на мојата потрага, можеби треба да се започне од нејзиното последно патување преку границата, до невтасаниот живот на својот полубрат, во кој беше сѐ уште жива нивната заедничка душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа засекогаш се раздели со својот татко, маќеата и со својот полубрат при својата посета на Тирана во 1943 година.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка се радуваше на средбата со својот постар брат Илјами, со својот полубрат Бубуш, ја запознаа неговата сопруга Афрдита, од славното семејство Упи (Ypi), ученичка во францускиот лицеј во Корча и дипломка во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го пленеше добрината на својот полубрат, тивката и разборита нарав, братското чувство во нивната куќа во Битола.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)