И сепак тој се чувствуваше нешто погоре од чифчиите, подолу од бегот и беше доволен со својата положба, бидејќи и тој можеше да ги псуе чифчиите, да ги кара, па дури и да протепа по некој кога бегот беше отсутен, да не заборават оти се робови — измеќари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Одеше, работеше, живееше, но се без ќеиф, со тага, со болка на душата, со безгранична омраза и некаква потајна надеж дека ќе дојде време да излезе од оваа тешка своја положба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Разбра дека претера во својата положба, ама што да прави, зборот не е вол, та ќе го врзиш за дрво и ќе чека.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во неговите воени единици со тек на време влегле и голем број Македонци кои на тој начин настојувале да добијат подобрување на својата положба.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Приклекнуваше, се понадигнуваше и колената, рацете, телото постојано ја менуваа својата положба.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во главата му лежеше тежината што му пречеше да се отрезни наеднаш и да ја сфати својата положба.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Повремено, кога џипот ќе свртеше, менувајќи ја својата положба спрема сонцето, ќе блеснеа стаклата, и едно такво блеснување му беше доволно на Бојан да го забележи автомобилот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А потоа една по една се јавуваат мисли, се редат слики од вчерашниот, поминатиот ден, и тој станува свесен за себеси, за својата положба.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Несериозното сфаќање на неавтентичноста што му е вродена на општествениот израз на чувствата е одбивање да ѝ се верува на збор на трагедијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа, оттаму, значи мажественоста да се лиши од јуначкото величие и од самочувството за сопствената важност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, ако излезе дека таа неавтентичност не е трагичен израз на моралните ограничености што се вградени во самата структура на човечкото постоење – ограничености што само јуначкиот мажествен стремеж, во својот ревносен обид да ги надмине, може да ни ги открие и да нѐ натера да се соочиме со нив – и ако, наместо тоа, излезе дека неавтентичноста е само комична – некаков срамотен, дисквалификувачки, па дури и урнебесен ефект на секојдневната изложеност на суштествувањето како играње улога, а оттука и на културните значења како чинови на општествениот театар – тогаш трагедијата се растоличува од својата положба на првовеликост, ѝ се обезвреднува мудроста, а патосот ѝ се поткратува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истото важи и за јуначкиот вид на мажественост во писмото на трагедијата: штом достоинството ќе му излезе претерано и ненужно, статусот неповратно му се снижува и се сведува на високопарна поза, на празен блеф, на претерана глума, на песна и танц.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Хабиб Бургиба во тие мигови метафорично својата положба ја споредувал со снажно стебло, преполно со плодови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Господинот Гологанов безуспешно беше повеќе преокупиран со самиот феномен одошто со својата положба за што ќе мора да зажали.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Дури тука тој почна да си ги присобира мислите, да ја согледува својата положба во јасна и реална претстава, почна да разговара со самиот себеси веќе не испрекинато, туку образложено и отворено, небаре со разумен пријател, со којшто може да се поразговара за најинтимна и најблиска работа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Исто така почесто од постарите луѓе ќе ги одобруваат врските меѓу припадниците и припадничките на различните раси. 49 отсто од луѓето меѓу 18 и 24 години се согласуваат со давањето предност на малцинствата, за да ја подобрат својата положба, додека со тоа се согласува само приближно третина од припадниците и припадничките на baby-boom генерацијата.” (Katz,130.) okno.mk | Margina #32-33 [1996] 104 ПРИМЕР ПОПУЛАРНА МУЗИКА Расправата за влијанието на музиката не е ништо ново.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Заради своите штетни ефекти музиката не била добредојдена во Платоновата држава; големо значење на тоа прашање му припишувал и Аристотел во Политика.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во блиското и подалечно минато со тоа со сета потребна сериозност се занимавале некои многу познати пера.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)