свој (прид.) - покојник (имн.)

Сфаќајќи го предизвикувањето на црниот Пандил, една од стариците со надеж, ако не и со радост, им рекла на другите тажачки дека секако ќе си ги споменат своите покојници крај мртовец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ти прилегам на мечка. Го водиш и синчето да се изналапа пресно месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тагуваа по некој свој покојник или по летото што остана зад нас на работ на шумата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ја извади грумката кал од жар и пепел, почека да се излади и ја излупи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)