свој (прид.) - показалец (имн.)

Брат ми го направи оној наш таен поздрав од времето кога бев девојка: со својот показалец ми го допре челото, потоа носот, па усните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога одев да ја посетам Сара, сѐ почесто ја наоѓав во пеперуткарникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш, кога ќе се сетев како ме поздравуваше пред да се појави Марта Бернајс, минувајќи со врвот на својот показалец прво по моето чело, па по врвот на мојот нос, па по моите усни, го кревав показалецот нагоре, како да покажувам кон небото, а потоа си минував со него по челото, по врвот на носот, по усните. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
3. Подари ѝ го, во метално кутивче со анаграм, својот показалец со веренички прстен или левото уво со обетка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа нѐ водеа во градот да видиме една малечка сфинга од црн камен донесена мошне одамна од Египет, гробница на еден римски цар претворена во црква, споменик на кој еден калуѓер го креваше, високо, со закана, својот показалец.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сакав да го возвратам поздравот, но само ги стиснав усните и ги затворив цврсто очите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)