свој (прид.) - платно (имн.)

Сликарот дојде и последниот ден, пред да го напушти овој крај, да се обиде уште еднаш, да оживи на своето платно барем дел од она што толку го возбуди овде...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во друга прилика, на еден од своите соговорници тој му го образложи својот презир кон терпентинот со фактот дека сликарството што се засновува на „мрежницата”, секогаш, во крајна линија, е некој вид на ready- made, бидејќи сликаревиот творечки чин се сведува на одбирање помеѓу она што се наоѓа на тржиштето на индустриските бои, за потоа тоа да го распореди по своето платно на истиот начин на кој тој самиот заминувал во продавницата за да одбере ваков или онаков индустриски произведен предмет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Жените по колјата, пред крајбрежните куќи, денес некако полесно и повесело ги топеа во водата и ги белеа своите платна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сонливите води на езерото нежно се будеа, бели и светли, кога тој го рашири и последен пат своето платно на истото место, крај црквата, од каде што водеше стрмно, кривулесто патче долу до изворот на езерскиот брег.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Тој возач сега стои над мене и ме гледа како што ме гледаше од своето платно кога дојдов.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Толку често колку што се сликаше на своите платна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Тој возач сега стои над мене и ме гледа како што ме гледаше од своето платно кога дојдов.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)