свој (прид.) - писмо (имн.)

Слични тврдења соопштува и Е.Спространов во своите писма до бугарскиот министер-претседател Р.Петров од 13 и 24.11.1903 год., а тоа го потврдува и Ј.Ангелов во своите спомени во „Македонско знаме” (9.9.1946, 2).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако еден народ само постепено си го изработува своето писмо и него го преработува и притоа во неговата историја нема такви настани што ја преполовуваат и прават цела пропаст помеѓу едната, т.е. старата, и другата или новата половина, -писмениот јазик и правописот содржат во себе многу такви особини што немаат реална вредност во гласовите во сегашната состојба на јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Истовремено, се случија и многу други значајни работи. шетајќи низ улиците открив еден UFO, се сеќавам дека со мене тогаш беа само Давид и Паул, но подоцна Давид во едно свое писмо ми напиша дека таму било целото негово семејство - неговата жена Ruth и неговите четири деца, а покрај нив и Ackerman, Musicmaster, Tim Harvey, Yanagi, Rhoda Mappo, Cavel­ lini, Andy Warhol и уште цел еден куп луѓе - целиот свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Поточно, во едно свое писмо тој ми го предложи ова име.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Давид на Musicmaster му остави долгови од 12 000 долари - неисплатени сметки на асоцијацијата, при што овој, фала богу, не се израдува многу и во секое свое писмо упатено до мене подвлекуваше дека мене не ми се лути но дека Zack ќе биде убиен доколку се сретнат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И знаеше дека така, искрено, преку признание на своите заблуди и исправање на своите грешки, со соголување на душата своја пред верните на Христа, единствено и може да ги пишува своите писма до нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој одамна сфати дека не може животот да го оддели од напишаното, та затоа секогаш, во секое свое писмо, зборуваше не само за Радосната Вест туку и за својот живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но и Петар како и тој добро знаеше дека Павле, своите писма си ги корнеше право од душата и дека тие беа јасни како езерска вода, оти и љубовта што ја имаше кон Бога, кон Учителот и кон луѓето за кои пишуваше му беше таква.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој човек што може да го носи името на кој и да било наш познајник можеби знае уште една тајна: Рубина Фаин под се почесто повторниот знак Post scriptum го пишува и потаму своето писмо до Едвард Жорес за судбината на малите земји и за луѓето во нив, оние луѓе на кои исто колку и на големите им припаѓа земјата и источниот изгрев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Момченцето гореше од желба да го отвори своето писмо, но не можеше, зашто дедо му беше повеќе од нестрплив да разбере што му пишува доктор Коста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко ми прашуваше во своите писма дали сепак правам некаков напор?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И долгогодишната кореспонденција помеѓу Гете (Goethe) и вајмарската дама Шарлота фон Штајн (Charlotte von Stein), мажена госпоѓа со седум деца, ја доживеала својата драмска транспозиција: пред некои триесетина години германскиот драматичар Петер Хакс (Peter Hacks) напишал успешна монодрама со долг наслов Разговор во куќата Штајн за отсутниот господин Гете, која со голем успех се изведувала на многубројни европски сцени; во тие години на подем на таканареченото женско писмо, актерките просто уживале да ги екранизираат пустите машки мани на големиот светски класик...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Макар што тоа никогаш не го формулирала експлицитно ниту тогаш, ниту во другите свои писма, што Ти ги испраќала с до 24 декември 2002, кога соопштува дека повеќе нема да се јавува, туку Те остава под закрила на твојот имагинарен ангел чувар... оваа внимателна читателка на Твоето книжевно писмо целосно е убедена дека тебе те создала и те промовирала во писател токму силната љубов на Твоите родители, под чија сигурност и закрила живееш и сега, години по нивната смрт.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И да не продолжиш да ја запишуваш, посветувајќи и се целосно!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Она му тури трапеза да го гости, и напои го, и извадила му скришома книгата што му ја дал негов господар и турила свое писмо какво да го е момчето пратило на татка си, така написала: „Отче, да знаеш зашто таја моја жена била дштерка на еден лош человек убијца и за нејни лоши работи пресекле еи руки.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)