Слушнала на млади години, поминати во крајезерскиот град дека еден нејзин сограѓанин поет, шетајќи крај езерото, зборувал сам со себе. Тој така ги составувал своите песни.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Имајќи ме мене, тој зајде и така се најде во противречност и сега, како што вели и самиот во една своја песна, ќе мора да ја повторува лекцијата на животот, ако воопшто има веќе време и ако воопшто има веќе пред кого, да ја раскаже таа лекција и одново да го положи испитот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ги слушав штурците, тие ја пееја својата песна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Навистина многу е пријатно, на далечина од неколку илјади километри, да се слушне своја песна, низ слики да се гледа својот крај.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога ќе се раскрили големата птица тишината почнува да си ја пее својата песна: откако ќе се раскусури со тишината кондорот го бара она што никој не го нашол.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Во Заветна, низ папратот ечеа ѕвонци и клапки, од кај Дуковската колиба одекнуваа удари на секира, а штурците ја почнуваа својата песна, славејќи го уште од рано убавиот ден.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој најчесто уште од изутрина се искачуваше на Тумбица, таму ќе ги застружеше своите две клечки и од утро до вечер ги повторуваше двата стиха од својата песна.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Зашто во селото веќе немаше ни крштевки ни свадби, туку само умирачки, само одвреме-навреме го здогледуваа Мицето Стружиклечката како стои како стренџер на сред селото таму каде што обично, на времето, на празници стоеја свирачите дојденци околу кои се виеше селското оро и чекаа Мице да ги застружи клечките од кои не се делеше и да ја рече својата песна со својот како на славеј убав глас.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кога нему ќе му дојде да запее, тој животот не си го сака додека својата песна не ја запее и не ја допее.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Мене очите ми светнаа, грлото ми се сушеше, дланките ми се потеа; слушав како ги чита имињата на оние кои ги беше одредила да прочитаат по една рецитација, но мене на тој список ме немаше; ја прашав дали би можел и јас да прочитам некоја своја песна, а таа рече дека не би можел; ја прашав зошто, а таа рече дека моите песни се убави, но несоодветни (токму така рече: несоодветни), и дека овојпат не се бараат љубовни, туку патриотски рецитации.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Еве за ова е убаво местото свое: со свои луѓе, свој јазик, своја песна!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Џон Клер се обидува да заспие, и си мрмори по некој стих од својата песна „Јас сум“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мрмори парчиња од тие стихови, испрекинато, без редослед: “Јас сум: а што сум никому не му е грижа ниту пак знае…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го слушам гласот на пејачот и станувам плен на драг спомен, што би рекол Васко Попа, во својата песна за белутракот: „Држи се / во својата страствена / внатрешна прегратка“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- И нафрлете гранки над него. Проказник ќе отпее молитва. Ех, господи...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Простете, им пришол Васко Тушев; очите сѐ уште го болеле - ја слушал во ноќта својата песна, со разденувањето ја заборавил, останала пустош во душата; еднаш, во некоја друга ноќ, ќе се сретне со сенката на својот мртов баџанак и пријател, те чекам, дојди, ќе му рече таа сенка, и тој ќе ги подаде рацете кон сите сеќавања на својот живот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ повеќе станува јасно дека Олга Наумовска со своите песни, стреми кон нови значења што ја потсилуваат моќта и вербата, а во себе носат пораки и вредности неопходни за секој човек.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Момчето живее во својата песна, таму е и мојот живот и во него си ти осамена, тажно осмевната, Ана!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А одочесниците низ полето, како и додоларките накитени со зеленило, со венци од младо жито и од полски цвеќиња, опремени со крстови и икони, пееја своја песна: Крсти носам, бога молам: Господи помилуј! Господи заврни!
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Онаа љубов со која што ги прибираше во своите пазови браќата Срби, Црногорци, Словенци - борци на македонскнте единици од Титовата армија - нашиот народ ја пренесе и во своите песни, пеејќи за тие денои кога без зборои и декларации, туку со срце и крв се ковеше братството и единството на нашите народи: „Ми нападна Првата бригада, нападнаа славни Косовари, зачекаа сељани Локвени, истепаа Германци, балисти.“
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
- Слушај! вреваџијата ја прекина својата песна и се сврте кон згрчениот сосед. - Земи и ти една. Те честам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Со мака држејќи ги клепките над очи, како да се бори со тежок сон, Ване тивко изрецитира своја песна за девојка што во љубовен занес цела ноќ одела и плачела а од секоја нејзина солза на земјата останувал по еден бисер.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ми се стемни пред очи. Решив да му се одмаздам со своја песна, да го понижам, во исто време да заборавам на неволата што ме снајде.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Кон пеколот бегал, таму без див рекол: „На земјата долу е вистински пекол!“
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Моите распаднати чевли останаа под крушата горница.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Можеби своја песна, а таа можеше да биде ваква: Гаврушевски, црна маско, клун да немаш не е раскош.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Кој знае не ли ќе се сретнат еднаш тие на вселенска журка, на која Сатурн и Венера ќе пеат своја песна: Сонцето ум изгубило и се заљубило!
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во близина немаше жива душа: со страв во срцата, жителите на Шумшул- град останаа зад залостените врати на своите куќи.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Џуџестиот жерав го сфатил советот. Фалејќи ја умноста на Судбината, се извишил со своја песна: И олкацок пак сум жерав, мој е сиот простор син.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Го однела во шупливо стебло и направила мед.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во литературата се јавува 1926. со своите песни.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
И така синтетизаторот цела ноќ ја зуеше својата песна, градејќи вирус по спецификациите на „Маас Биолабс”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
На тој ненадеен шепот му придаваше различни значења, понекогаш токму во тие мигови извишувајќи ја својата песна како одговор на изминатото време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Проклет да бидам, никој таква треска не предизвикуваше кај децата како Трифун Трифуноски кога ќе се качеше на бината, кога ќе почнеше да рецитира од своите песни.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И појдов на својот аџилак за да ја барам својата песна меѓу многуте стебла.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Можеби секој од нив пееше некоја своја песна.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Како што вели самата во својата песна „Поезија“- „Љубовта е поезија, поезијата е љубов“ (во претходната збирка „Полиглот на тишината“) целосно јасно укажувајќи на својата непресушна потреба секоја своја внатрешна состојба, надворешна иритација, секое најмало шумолење на лисјата или ветрот, да го искаже со стихови.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Весели што учествуваат во продавање евтина странска музика, малите фигурички на музичарите си ја тераа својата песна без да ми обрнат преголемо внимание.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Оџата ја беше отпеал својата песна.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
»» Во една своја песна од книгата ‘Слика бојног савезника’ напишавте: „50 години по Фројд / навистина би требале / составувачите да воведат во школите / Општонародна психоанализа”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Дали е тоа „страв“ од својата песна?
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
За него, Грк од Египет
критиката вели - умеел
да го оживее минатото
во своите песни.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И вчера, кога тие со својата песна ги разбудија сите, нешто ме сечеше тука... и јас сум бил војник во три војни, ама гласот ми беше машки, силен, моќен, а дека ми трепереше, што можев.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не можеш болка да кажеш, на мајкин роден јазик свој песните што ти пеале над тиха лулка шарена, не можеш да ги запееш, дедовци што ти шепнеле на скут во ропски години не можеш да го повториш.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Пред влезот на арената нè пречекува водичот – конзерватор З.З., претставен од Х.Х. како археолог и поет, инспириран во своите песни од морето и античкото минато.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Он ми ја донесе својата песна со усни да ја земам. И ништо сега освен неа, ништо немам.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Наеднаш Томчо ја прекина својата песна и се вслуша.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)