свој (прид.) - патека (имн.)

Не познавајќи ја природата на мртвиците, не знаејќи дека, поради живиот песок, низ нив може да се движи само извежбан ајдутин, кој си изградил своја патека, продолжија да ги гонат и понатаму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од зелените очи почнаа да се тркалаат крупни солзи, а тие знаејќи ја својата патека се сливаа во расцепот на нејзините гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кој да ја бара малата Колин меѓу првите места на топ-листата, меѓу задоцнетиот бунт и носталгичните навраќања во времињата кога Битлсите почнаа, кој да ја бара кутрата Колин оваа ноќ додека преку шофершајбната со триесет годишниот пријател, некогашен „главен“ на гимназиските журки, гледаме како Месечината, големиот црвен балон, се издига на својата патека, над небодерите на Новниот Град?
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Симон, со време, залегнал во Долнец и, како што ми кажуваше Лена, тој самиот велел дека си разгазил свои патеки и дека, дури, немал потреба да среќава многу луѓе и дека, дури, чувствувал зазор од појавувањето на некого.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во неа за коренот се вели: „Коренот не е ни мал, ни голем, не е ни долг, ни краток; не трепери како оган, не тече како вода; Тој е без сенка, без мрак, без ветер, без зрак; Тој е без вкус, без допир, без вид, без сетило, без слух, без говор, без мисла; Тој е без здив, без лице, без тело, без мерка; нема внатрешност, нема надворешност; не се плаши од ништо; не јаде ништо, и ништо Него не го јаде; на Негова заповед сонцето и месечината одат секој по својот пат; не се судира небото со земјата; минутите, часовите, деновите, годишните времиња, вековите ја следат својата патека; реките што извираат од планините одат по својот тек каде што им е определен; на Негова заповед луѓето го слават доброто, а го мразат злото; во Него е и светото и проклетото...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Значи себеси се сметав судбински поврзан со земјата и со чекорењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа можеби вам ќе ви се чини чудно но јас навистина премногу го ценев оној судбоносен момент кога човекот се симнал од дрвото за да ја избере својата патека и да зачекори по неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овој зелен гуштер што ги крие од нас своите патеки што се чини секогаш на дофат а толку е далеку Како да се симнал од стрмната планина на нашето детство, по која повторно се јазиме а никако да ја совладаме.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дали поверувавте дека зимата треба да ги охрабри оние што ги одмина летото оние чија тиха ѕвезда упорно ја следи својата патека?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дали го прашавте што памети а што заборавил?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дали оставивте да поверува дека е добродојден нудејќи му место до себе на трпезата?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дали поверувавте дека зимата треба да ги охрабри оние што ги одмина летото оние чија тиха ѕвезда упорно ја следи својата патека?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По некоја своја патека сепак ме следел а без да дава знак од себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Идеалност има само меѓу планетите во вселената - секоја си оди по својата патека и никоја со никоја не се допира...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)