свој (прид.) - очај (имн.)

Ама плачката ми се закачува, баш ми се обесува околу вратот, ми го издивнува својот очај... И мириса на „црвено“...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И веднаш ги прегриза усните, затоа што сакаше да молчи за својот очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја премолчуваше болката, а сепак еднаш, додека чекоревме по една улица со ред од диви костени, ми рече: „Сѐ е толку полно со живот, а сепак има мигови кога многу нешта ме повикуваат во смрт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И сите грдо и наместено се смешкаат и тивко го влечкаат својот очај зад себе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)