Дали Таша, постапувајќи и кон мојата желба така како што постапуваше, беше водена токму од тоа разногласие на срцето и на умот, не се потрудив да откријам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа, дека понекогаш остануваат измамени во своите оценки не се должи на нивната лековерност туку на простата вистина дека жената многупати, да не речам најчесто, го следи гласот на своето срце, (а познато е дека срцето е гласник на желбата а не на разумот).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
МАКЕДОНСКИТЕ ЛЕГЕНДИ И ПРЕДАНИЈА се прекрасно сведоштво за постојано активниот народен дух и интелект; на интересен начин тие ја илустрираат вечната народна љубопитност, која настојувала да проникне во секоја животна појава, во секој природен или општествен феномен, при што давала своја оценка и толкување. /.../
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)