свој (прид.) - оска (имн.)

- Ете, така се врти Земјата околу својата оска!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Големото оро, она што доаѓа само од себе, она што не го создаваат мислите, ами проникнува од конците на желбите, и не само човекови, она што времето и просторот ги фрла многу далеку, тоа оро не е како обичното машинско тркало што се врти само околу својата оска.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Впрочем, кога се работи за времето, се чини дека не постои ниту еден доволно прецизен исказ во јазикот, со кој строго би се дефинирале границите на различните индивидуални временски моменти. = моменти и инструменти = До XX век или поточно до појавата на Ајнштајн и неговата Општа теорија на релативитетот, со која се утврдува праволиниското време како конститут на космосот и на човековото битие воопшто, сите мерни инструменти за времето имаа кружна форма: почнувајќи од римските солариуми, преку песочните часовници кои се вртеа околу својата оска и завршувајќи со прочуените јајца-часовници на Фаберже (јајце: форма со неверојатно богати митолошки асоцијации).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Изгледаше дека Грос е сосема вон, над движењето: како неговиот цинизам да пронашол архимедовска точка од којашто еден свет може да се помрдне од својата оска.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)