свој (прид.) - осамен (имн.)

Не се зачуди и не се разжали над својата осаменост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Уметникот во својата осаменост создава нова онтологија и ги испитува нејзините предности или нејзината злокобност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Постепено, стравот за неговиот гробен живот - единственото нему достапно полуживо чувство, иако сепак помешано со непостоењето - го напушти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во целиот болнички круг немаше никого освен персоналот и болните; болницата се наоѓаше на голема висина; Рене беше во свечено расположение; осветлен со својата осаменост, далечен и студен, со сестрите разговараше за работата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повторно нурна во својата осаменост, во која немаше ништо освен апстрактната потреба за цицање крв.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Што виде таму, во својата осаменост, и кого го сретнал Жолтокосиот, тоа никогаш не се узна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Запрена на сртот како мал облак допрен до својот извор до нозете твои земјата ја чуваше својата осаменост пред густите влакнести шуми.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И одвај дочека да заздрави, па да се врати во колибата, во својата планина, во својата осаменост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)