свој (прид.) - опстанок (имн.)

Различните активности прифаќани без поговор и ставовите врз кои anorexia nervosa “го темелеше својот опстанок”, веќе не ја детерминираат нејзината личност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Низ овој тераписки процес, anorexia nervosa беше “демаскирана”, и Еми значително се оддалечи од неа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Живееле во тој мал микрокосмос какво што било маалото како во тврдината во која го бранеле својот опстанок со голема меѓусебна толерантност и солидарност во неизвесните времиња на балканската историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тунис, главно без реки, не можеше да го замисли својот опстанок без акумулираната вода од дождовите. Без колинарните брани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Куќите во маалата биле преку авлиите поврзани со мали капиџици, односно вратички на ѕидот помеѓу две куќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пушката што не ја најде беше негова голема грижа, во неа го гледаше својот опстанок во осаменоста и дивината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)