свој (прид.) - опашка (имн.)

Децата го гледале и си мислеле дека малото маче си игра со своето опавче, зашто многу мачиња си играат така, го гледале и слатко се смееле.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Славејчето пееше, ќосот свиркаше, кукавицата ја вртеше својата опашка и од високиот даб се разнесуваше нејзиното: „Куку-куку! Куку-куку!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ако таа седеше на својот стол, тој потскокнувајќи ќе дојдеше долу по патеката со својата опашка што беше како некој пердув, за да седне пред неа или да ѝ скокне во скут.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А мачето се налутило на децата, ги изгребало по рацете, се налутило и на своето опавче, зашто мислело дека тоа е виновно за сè, па го пикнало во печката која горела.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мислело, мислело мачето што да прави со своето опавче но не можело ништо да смисли па легнало до печката а опавчето си го свиткало под главата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)