свој (прид.) - одаја (имн.)

Стана и си отиде во својата одаја, во јужното крило на господарската куќа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Освен неа, освен Петра никого друг не припушта да му се приближи, никого друг не припушта во својата одаја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури тие го чекаа овој резулат состојбата во нивната одаја секој ден се менуваше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
5. Витолишкиот мудур Арсланбеј седеше еден поручек во својата одаја, два три дена пред Илинден, наднесен над едно писмо и ѕуреше во него преку очилата, очигледно замајан од неговата содржина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе туркат ѕид со глава, а оти ќе кршит лејката не му текнуват!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ги вратија во својата одаја во Катилана да чекаат спровод за Диар Беќир, Ерзерум, Љум Куле, Едикале или некој друг од многуте казнени заводи во турската голема царевина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред да се повлечат во своите одаи, Јана им вети разгледување и прошетка низ селото наредниот ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој знаеше, како што пишува Жари во Мажјачиштето, дека „се разбира нема причина луѓето да градат трајни дела ако тие немаат барем јасна замисла дека овие дела треба да чекаат на додатна убавина... која иднината ја чува во своите одаи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Најди си свое дупче и свое одајче, свое гнездо.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Полковниците постоаја уште малку и се вратија во својата одаја.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но отец Иларион знаеше дека Бонети не мирува, па често кога ќе го насетеше дека се вртка крај нејзината одаја, ќе се накашлаше давајќи му знак дека е буден, или ќе ја отклучеше вратата од својата одаја давајќи му време на Бонети да се повлече, да не дојде до кавга, до расправија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Игуменот го фрли дрвото и замина во својата одаја да се смири.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И токму кога влегол во својата одаја и сакав да се помолам Богу, вратата се отвори и влезе Писмородецот. „На пат готви се да тргнеш утре“, ми рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ете така, татко мој, оче Мида, така и ти брате Лествичнику што по скалите нагоре одиш (а слегуваш) кон својата одаја, и ја отвораш вратата и ме гледаш, и знаеш дека и јас знам, и солза не проронуваш, а јас плачам, оти те сакам, оти си ми брат и друг јас на светот овој ништо немам, оти ти велам: сѐ ќе сторам братот мој да не ја изгубиш главата, оти утре страшно собитие те чека, брате мој, кога логотетот ќе види дека одајата си ја отворил не три, ама три илјади пати за овие години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не оти сакав така, туку морав, оти знаев дека Писмородецот потем ќе ме повика во својата одаја, како што правеше често кога не беше задоволен од моето поведение, оти сакаше само на него да личам, а на себе – не.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем заминавме секој во својата одаја. Како сега гледам: одиме, секој по својот пат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Отиде ибн Бајко во својата одаја, седна омрцлавено на миндерот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Остана долго во кожените ложници, што некаде оддалеку мирисаа на штавање, загледан во една точка, наеднаш неспоредливо малечок за да ја исполни со себеси, со својата будност, дури и оваа своја одајка, и од тоа уште повеќе пристеснет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа не очекуваше Тина да ѝ возврати, туку само гласно размислуваше во топлите приквечерини онака наседнати на дрвени столчиња пред вратата на својата одајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И самата треба да ги одмори старите коски, па се прибира во својата одаја.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Перса си замина во својата одаја, а Пелагија во полупразниот кревет.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Да ги видам – веднаш изјави кадијата и прв излезе од својата одаја и отиде во дворот. Co злоба и гордост која може да ја има само средновековен победник, со рацете одзади, придружен од Јунуса, Рифата и забитот, се приближи до редицата исповрзани луѓе и жени и доби по едно длабоко темане од пазачите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Иако, на пример немало никаква причина за тоа, бидејќи десетината чиновници што го претставуваа сиот управен механизам на канцеларијата, и без тоа се наоѓаа во соодветниот страв; кога ќе го здогледаше оддалеку, чиновникот си ја оставаше работата и застануваше мирно чекајќи додека претпоставениот не влезе во својата одаја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше денови кога Илко не излегуваше од својата одаја, седеше на креветот и боцкаше со иглата, везеше некаков гоблен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)