свој (прид.) - огниште (имн.)

Но не се запираа луѓето што не ги имаа видено своите огништа четири години и тие што бегаа, та остави оние што трчаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и ѝ се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно сѐ уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; ѝ се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тука, на оваа земја, не само наши иселени од Маказар, туку и други, посебно од Егејцко, бидејќи е блиску границата, да си градат куќи, вили, и кога како ќе се може, ако се пушти демократијата во Грцко, да одат во посета на своите огништа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Четвртиот период започнал од шеесетите години и трае се до денес.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Воведувањето на комунистичкиот систем, во источноевропските земји и во СФРЈ, како неприватлив за многу луѓе бил една од причините за иселување, а другата била Граѓанската војна во Грција, по која голем број Македонци ги напуштиле своите огништа и заминале во источните, а потоа и во прекуокенските земји.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Каква слобода имаат тие тука, протерани од своите огништа?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ајде да видиме што е тоа. - Ти оди и види, - рече Коста. - Јас сум се нагледал.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нивните огништа ги нема; ги нема и селата - ги нема и по име и по куќи и по луѓе... и темелите ги нема... некои други имиња носат и некои други луѓе свои огништа направија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тие, козарите беа откорнати од своите огништа во планините, како и ние од родниот крајезерски крај.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кај Старова, јагулите доведени во опасност имаат заеднички белег со селаните кај Распутин, прогонети од своето огниште: стравувањето да се видат во олтарот на прогресот, жртвувани се душата и вредностите на едно место во кое се живеело.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)