свој (прид.) - оган (имн.)

Гледајќи го – птиците и билките ги множеа неговите облици; на поколенија ѕвезди, кружејќи над него, се откажуваа од својот оган и се скаменуваа, Иднината, низ долго искуство, во него ја гледаше својата величествена слика и ѝ пееше на вечноста.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Наскоро жестокиот пијалок почна да го разнесува својот оган низ неговото тело.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сето тоа време тој можеше да ја држи во своите раце власта над својот оган.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И додека се грееше на својот оган, што се загнездуваше добро на неговата бука, дури и потплуснувајќи исто онака весело и пријателски, како дома, тој почна и да разговара со својот сосед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Се качив на врвот од планината, го сочекав самракот, потоа срамежливата, добра светлина на првата ѕвезда, па втората, третата, другите ѕвезди на темната дланка на небото ги палеа своите оганчиња, и јас знаев дека сите самовили, сите џуџиња, сите духови на претците се таму, на нив, на блиските ѕвезди, дури и фараоните, и светците, ја разбираат мојата желба, ми ја подаваат раката“.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Прости ти“, прослови наведната. „Не те падам. Ајде, помогни ми да запалиме оган за вршник.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само можел да го повтори виденото. Навредувал навреден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сакаш ли да го сторам она? се засркнал од чад на свој оган. - Како Арсо, гнасно, вепарски. Сакаш, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сончевата поплава се повлекуваше пред сенките. Расцутените бадеми на ридот се покриваа со сино-румени одблесоци на свој оган.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ништо помалку од некој чуден тип опашеста ѕвезда која сè што ќе потфати со својот оган пеплосува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)