свој (прид.) - овца (имн.)

А кога веќе дедо ти со сето семејство морал да избега, стоте свои овци му ги оставиле нему на чување; поточно на татко му на Амди Сербез.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа бил облик на самооздравување во кој ги отстранил и ги превртел самопоткопувачките чувства што неговите очигледно ладни родители ги всадиле во него и кој му бил потребен како материјал за создавање сигурност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Единствена утеха му беше самиот Сокол и шумата, и во повеќе моменти се чувствуваше како да е со своите овци и кози, па дури и кавал купи и по цели дни ги свиреше оние исти песни што ги извиваше со звуците на ѕвонците и клопотарците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Додека нежно ја ослободуваше од фустанот и маките на девственоста, лижејќи ѝ ги брадавиците и нарекувајќи ја своја овчичка, неговите кучиња го стигнаа пленот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако, како што пишува Ерик Ериксон, првата психолошка задача на детето е да развие доверба, обично преку топлиот однос со родителите, тогаш Бојс го развил чувството на доверба кај себе преку своите фантазии за себе како овчар, родител на своите овци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Играјќи се овчар - со стапот (претходник на неговиот „Евроазијски стап“, како што тој и самиот признава), а „едно имагинарно стадо се собра околу мене“ - Бојс станал сопствен родител.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)