свој (прид.) - облик (имн.)

Стеснета, стварноста овде се меша во сите свои облици и можеби токму затоа преживувањето е мачно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нивните погледи натаму беа толку желни што повеќе намамуваа да се појави нешто на повидок така што и низ двогледот предметите ги губеа своите облици станувајќи неодредлива измама.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во полутемнината предметите почнаа да добиваат свои облици, од хаосот пред нас се одделуваа искривени столбови, метли, скршени корнизи со испокинати и прашливи завеси, дупната куфери, испреврзани мукавени кутии, рѓосани огради од метални кревети.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Полудуваше со залепени клепки: точно врз очите му лежеше студена арапска сабја, или боцкава жица, или танка змија, сеедно, тој зрак, тој ноќен призрак го менеше својот облик, и човекот како и да се наместеше во постелата го чувствуваше и остаруваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Многу познати лица, предмети, зборови, минуваат низ внатрешната празнина и ги менат своите облици до бесцелност А кога ќе минат како колона кртови, тунелите зад нив се глуви и празни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се преправаше дека полата ја стега меѓу нозете за да не ѝ падне, но со тоа таа уште попредизвикувачки ми ги покажуваше своите облици.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се сети. И тие, менејќи го својот облик, добиваа нужна смисла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Амбасадорите на Европската Унија, тогаш во помал број имаа свои облици на дејствување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Амбасадорите на земјите од социјалистичката заедница, односно Варшавскиот пакт, дејствуваа како едно хомогено тело во кое секој амбасадор без оглед која земја ја претставуваше имаше посебна функција, во согласност со стратегиските цели на заедницата, без оглед на вжештените односи меѓу земјите на лагерот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кругот на теми на таа сатира е крајно јасен, таа е насочена против определена појава, личност, збир на манири... во еден круг на луѓе, еден слој од општеството.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Можеби токму овој номинален облик на сатира најмногу се доближува до поимот “класна уметност” од една страна и до маниризмот во некој од своите облици, од друга страна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)