свој (прид.) - нотес (имн.)

Французинот го запиша ова во својот нотес.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Деница во својот нотес внимателно ги препиша имињата и презимињата на седумте девојки што со комбе Авни идниот ден требаше да ги пренесе до Бар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Х.Х. нешто запиша во својот нотес.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Продолжи да зборува и да бележи во еден свој нотес.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)