Та таа ќе има свој дом, таа ќе има свој маж кој секој ден ќе биде при неа, таа ќе има свое домаќинство, свои маски, волови, овци, кози, свои ниви, амбар со жито, каци со маст, сирење, сланина, та што ли не ќе има!?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Никој своја нива немавме, освен по некоја ископачена по ридиштата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Потоа, не стасувајќи да му ги соопшти на човештвото сите тајни што ги знаеше, летна на работ на својата нива со редок овес и умре непричестен, со такви брчки околу устата како да се готви за нови раскажувања. во та година и небото и земјата се свртија против Кукулино.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Пред селото застана крај својата нива и го извади лулето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дури и Светото Писмо вели дека постојат два типа луѓе: едниот е номад, а другиот – земјоделец; едниот сака да освојува нови и непознати светови, а другиот најубаво се чувствува кога ќе се сврзе за својата нива, ќе си квакне во своето народно духовно кеневче, па ќе расправа прикаски за големината на народниот дух и ќе си потпрднува од националниот грав, негово лично производство, најголемиот симбол на светиот дух на неговите предци.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Знаеше ибн Пајко, манастирот беше богат, имаше добри приходи од своите ниви, лозјата, стадата овци, и од шумата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Многу малку од нив имаат и по некое свое нивче.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Без свое нивче ништо, со аргатлак не се живее.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А со своето нивче друго е: ќе копнеш, ќе подзасадиш, пченката ќе ја рониш, некое прасенце ќе храниш...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Пред селото застана крај својата нива и го извади лулето. Ќе те изорам и без коњ.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)