свој (прид.) - неутрален (имн.)

Наместо акција, Владата на генералот Душан Симовиќ настојувала да не предизвика реакција од страна на Германија и да ја задржи својата неутралност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но тоа секако не било во агендата на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа што културата на хетеросексуалноста, која инсистира на својата неутралност, ги охрабрува стрејт-луѓето да им дадат на своите желби и на начините на живеење очигледна здравозаготовост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Каква е, всушност, машката геј-врска со женственоста?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да започнеме со одговарање на тоа прашање, треба да ја разбереме машката геј-„женственост“, односно она што важи за „женственост“ во машката геј-култура, како нејзина сопствена појава, или палета од појави – како нешто мошне разграничено од разните видови женственост што ги пројавуваат и што ги изведуваат жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И навистина, ги одвраќа од распитување на општествените форми воопшто. ‌Настраните, меѓутоа, се принудени да се впуштаат барем во зрно критичко промислување на светот каков што е даден.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа е токму причината поради која некои автори претпочитаат поими како „несообразност со родовата улога“ и „родова нетипичност“ за опишување на машките геј-практики на родот: тие понатаму укажуваат, со самата своја неутралност, на извесна одложеност на судот околу точното значење на машкото геј-родово дисидентство, на одбивање некои и сите отклони од канонската мажественост да се дефинираат автоматски, без размислување и некритички како „женствени“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дотолку подобро.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стрејт-мажите мораат да научат да играат една или друга верзија на хетеросексуалната мажественост, а можат да имаат и свест за неавтентичноста на обликот – можат, и тоа како, да ја сметаат за нешто задушно наметнато врз нивните спонтани инстинкти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но немаат често свесна свест дека општественото суштествување им е изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто немаат?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)