свој (прид.) - несреќа (имн.)

Тогаш јас несвесно, за своја несреќа, станав обземен од прашањето како можат црните луѓе да се идентификуваат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А за својата несреќа секое го обвинуваше другото.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Како да сакаше да се одмаздува на другите за својата несреќа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Наместо залудно да се опивате со безнадежноста на очајот и на гневот, воздигнете се од својата несреќа со силата што ви е дадена да ја имате и со неа да создавате и од пепелта изградете нови храмови, изберете нови водачи, направете нови семејства!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Академиците од МАНУ се бркаат и тоа доста сериозно преку допирот на другиот да ја пренесат својата несреќа, шугата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Никако кутрата да им врати со истата мерка да се спушти трчајќи по нив, по театарџиите, за да им ја пренесе проклетата зараза, својата несреќа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се грчел и се обидувал, згрбавен и сличен на голема желка фатена во круг на пламен да се извлече од својата несреќа и да ја види крвта на душманот пред неговата да истине во жедните пори на збрчканата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се занел паѓајќи најпрвин на коленици, повеќе како во верски занес отколку со боречко искуство, се искривил на една страна и, вртејќи го грлото на пушката кон земја, удрил со лице во својата сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога би била запната цврсто за некое неподвижно стебло, таа стапица, фатената дивинка секогаш ќе можела за сметка на својата несреќа да си ја остави само половината од својата нога меѓу острите железа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оф, боже, па кучињата во ниедна своја несреќа не би ги оставиле луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш ми е помалку важно, лична работа е по малку, јас со себеси; ја чувствувам сѐ повеќе како господарка на својата несреќа, далеку и сама, но господарка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Си велам: „Сега поминувам замрзнат мост, сега снегот ми влегува низ скинатите чевли.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еднаш, кога се случи она со Бошко, пак беа со него и тој, веќе подготвен за секакви изненадувања и неволи, најбрзо од сите се созеде, небаре беше создаден не само трпеливо да ја поднесува својата несреќа, туку и да им ја олеснува на другите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ах, хлапец, под ноктите си скрил земјичка татковината на дланки да ти израсне: поздрави се со својата несреќа, хлапец, на распјат заедно со неа ќе те одведат со еден брут ќе ја заковат,хлапец твојата небида на дланките.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ќе го натерам да истрча од својата несреќа; ќе му помогнам да се растури по паркчето; речиси не постои добиче што не ја почитува тревата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Верувам дека забележувате: кодошот ве подучува како да се однесувате кон кодошите за да можете да ѝ користите на својата несреќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако затреба и ќе останам покрај мојот добиток за да го одбранам од злото!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што се однесува пак до мојот случај: требаше да ја направам грешката за да сфатам што сум сторил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, Трајан на главата си ја носеше својата несреќа, козјите уши, што не успеа никогаш да ги закопа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Или немаше сили да му се спротивстави на паѓањето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нели реков пред малку: и по толку години тој сè уште паѓаше удолу, и за жал отворено се беше помирил со таа своја несреќа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секој тажи за својата несреќа, секој во своите очи ја носи солзата на свој начин, во секоја душа тагата гори како див огнен пламен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ниту пак нашата среќа е поголема од вашата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сам си бев виновен за својата несреќа.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тие не се ниту револтирани, ниту пак ја прокламираат својата несреќа- едноставно, тие се предаваат на инстиктот да преживеат, да останат живи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како да е заљубен во својата несреќа и не се помрднува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секој си има своја приказна и лична проценка на својата несреќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Решиле луѓето да ја изнесат својата несреќа од дома и на улица да ја исправат историјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Читам така, ко во треска, мислам дека и својата несреќа ќе ја најдам таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам: сликата на својата несреќа ја видов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А за својата несреќа секое го обвинуваше другото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Славејот тажеше над својата несреќа и се каеше за својата непромислена постапка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)