свој (прид.) - непредвидлив (имн.)

Но, самата борба да го зграпчам денот со сета своја непредвидливост е доволна да го направам среќен, не целиот свет, туку среќата да ја донесам како подарок пред вратата на едно срце кое е доволна причина за моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од таа вечер кога љубовта ѝ се откри во сета своја непредвидливост, таа постојано, со години исчекуваше да ја сретне повторно, повторно да го доживее она целосно отворање, кога телото се губи самото во себе како што моливот и хартијата се губат во зборовите што ги пишуваш, а четката и бојата се губат во сликата што ја создаваш.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)