свој (прид.) - невнимателен (имн.)

Да, тој никогаш ништо не знаеше, "људи приходјат и уходјат, некого увидиш другого нет" така што произлегуваше дека никого го немаше видено, или не е сигурен, а за секој случај изјавуваше и најдлабоко жалење заради оваа своја невнимателност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа како да сакаше самата себе си да се укори или да и забележи на својата невнимателност но истовремено и да се оправда, додаде: - Има такви луѓе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите грдости и убавини не им се запишани на челото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)