свој (прид.) - насмевка (имн.)

Толку силно сакам, го подарувам својот живот, своето срце, своите погледи, своите насмевки, своите усни, силно се вљубувам и вечно твоја останувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Толку многу изгубивме, толку возови поминаа, годините, деновите, целиот живот што го сонувавме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И гледам како Горачинов ми се губи зад својата насмевка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А сега, кога се најде сиот во неа, заедно и со оваа своја насмевка во неа, тој се размавна да ја отфрли од себе, сеќавајќи се просто задушен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овој љубопитен, ведар, непослушен мал човек, со својата остра метла од бела коса, со своето руменило, со своето пелтечење и нервозните тикови, со својата страст, со својата насмевка и нежната духовитост, е најпрофесионалниот и најнадарениот волшебник на уметноста на нашето време.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дури и со својата насмевка секогаш сакаа да не доведуваат до лудило и очај.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мојата слатка безобѕирна Катерина, умееше точно и навреме да засоли и да зачини, да ти пријде што се вели на дофат а сепак да остане доволно оддалечена дури и за својата насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев загледан во нејзиниот палец кога ме запраша, без да го крене погледот, дали мојот познајник имал име и презиме. - Денко Самоников - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја ценам точноста и прибраноста кај луѓето што ме посетуваат, ми објаснуваше тој пред два дена вадејќи ги сите зборови од својата насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имаше ведрина во неговиот настап а разговорот речиси беше трчање бос по мека трева!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Тоа го рече твојата вечерашна познајничка, со очекувано иронично, пијавично крајче на усните во својата насмевка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
2 О ти оставаш да зборувам за љубовта како што верувам а тоа е сепак повеќе одошто умеам Оставаш да го возобновувам мигот кога излегуваш од својата насмевка и остануваш толку осамена што бршленот почнува да живее на твоите глуждови.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Само ја гледаш својата насмевка меѓу познатите предмети Еден старец станува од триножецот и влегува во куќата По него тргнуваш и ти
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)