свој (прид.) - наследник (имн.)

Една владејачка група е владејачка група сѐ додека може да го наименува својот наследник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Метафоричната порака е неизгаслив спомен и нескротена тага по родното место што на своите наследници им ја пренесоа веќе изумрените просвиги кои принудно ги доселија во ова село кое никогаш со срце не го прифатија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тука сме веќе кај ликовниот уметник Jean Tinguely како кај најзначајниот уметник на неоавангардистичката уметност, и кој во поново време го доби својот наследник во Jim Whiting (мислам на неговите објекти и инсталации на неприродни тела).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)