свој (прид.) - навик (имн.)

Но тој не му кажува на никого и за еден друг свој навик: секоја недела по службата тој се упатува на гробиштата во Орландовце, на гробот на жената си.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Забраната на дроги доведува до огромен број убиства и кражби во големите градови затоа што создава црн пазар на кој завојуваните дилери им наметнуваат сѐ поголеми цени на уживателите, кои пак од своја страна крадат за да можат да ги задоволат своите навики.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Забраната ги поттикнува малолетниците на уживање дрога и нејзино продавање со тоа што создава подземје во кое истите тие малолетници можат да остварат таква заработувачка која е невозможна во легални услови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
(Таа му рече оти не го сака животот преточен во слики а Радо ѝ одговори оти ќе ѝ ги почитува желбите но дека не е спремен да ги закопа сите свои навики).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На својата пријателка Ема, Лена ѝ кажувала, тоа Ема самата ми го посведочи, дека забележала оти Симон ги менува своите навики.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ќе седи тогаш на клупата под маслинките, се опрел со лакти на колена, ги пребира килибарните броеници, - старче со провиснати мустаќи, наклапушено со паларија што се чини секогаш понова од алиштата што ги носи; ќе си седи и го задоволува својот навик да ја гледа убавината на тукушто подраснати девојчиња, цврсто стегнати во црни гимназиски кецели со бели околувратници.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)