Шанкерите треба да бидат помилосрдни кон своите муштерии. Па и муштериите се, побогу, луѓе!
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Имаше голема доверба самарџијата кај своите муштерии, гледаше Бошко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Му ја донесе борината на првиот свој муштерија и им ја однесе маста и сирењето на другите дома со една пламена желба: да помине крај конакот на кадијата, белким ќе ја наѕирне од некаде неговата Анѓа која таму робува.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Низ долго искуство животот го поучил него да ги распрашува своите муштерии од каде се и што се.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Ке се пушти во подолг разговор со своите муштерии, особено со првиот што му ја продава борината и ќе се прави глув, пелтек, глув на едното уше, недоветен, дека слабо го интересува што прават другите Мариовци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)