Загатка е што моето тело едновремено гледа и станува видено.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Оној што гледа наоколу може исто така да се види и себе и да го сфати тоа што го гледа, ‘другата страна’ на својата моќ за гледање.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Козичката можеше силно да мекне, над својата моќ, да екне нејзиниот глас низ планината, да допре до господинот Сеген за да дојде и да ја спаси, ама тоа не беше можно, ниту во приказната.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дојди една, па друга, трета империја. Искажи ја секоја својата моќ во формите на каменот, па исчезни.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Другарот Чапаев, убеден во својата моќ, го уверуваше Татко дека неговиот избор за судија може да се смета за завршена работа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Секој од императорите ја зацврстувал Тврдината, како симбол на својата моќ, за вечни времиња.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога мракот со сета своја моќ ја поклопи долината, не успевајќи докрај да ја зацрни снежната белина, некаде од северната страна, откај Чукарот, се извиши зловештиот, стравотен виеж.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Како да не можеше да го фати нејзиното траење, иако траењето на таа музика него го имаше обземено и го држеше во својата моќ.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тие енергии ќе ја изменат својата моќ, кон позитивна или негативна.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Понекојпат проаѓајќи им покрај ушите, како војска со силни трубачки рогови, напати заобиколувајќи ги а понекојпат, протнувајќи се низ Еразмо и старецот како смрзната пајажина, под облеката ги тресеше со својата моќ на студ.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Штотуку го унапредија во прв поручник, и тешко се воздржуваше да не ја употреби својата моќ.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ноќта говори и заплашува, таа ја збира својата моќ и издишува проклетства.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А Мирослав, кога режимот на Милошевиќ беше на врвот на својата моќ, јавно ја критикуваше Зорица Брунцлик за нејзиниот политички ангажман во партијата на Мира Марковиќ, ЈУЛ.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Стана почувствителен за работите околу себе. Го навредуваа некои предмети кои порано не ги ни забележуваше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Откако ќе нацрташе еден таков предмет – како што реков, тоа се случи само еднаш додека бев кај него – со кола заминуваше на творечки одмор што траеше повеќе од осум дни, додека црташе само четврт час.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нашиот шеф, тоа неуморно добиче, кој никогаш нема време и ништо не работи, кој најскапоцените часови од денот ги минува во празно дрдорење – една до немајкаде бесмислена егзистенција – кој не се осмелува самиот себеси да си ја признае висината на долговите, кој само подметнува и блефира и ми личи на акробат кој дуе еден балон додека другиот, во истиот миг, му се распрснува: од сето тоа останува само еден одвратен гумен партал кој само миг пред тоа имал свој сјај, свој живот и своја моќ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Беше во најубавите години кога се знае и се чувствува полната вредност на животот; ги победи сите противници и беше помоќен од кога и да е порано; со длабочината на својот пад можеше да ја мери височината на својата моќ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во истата ноќ, додека Додо и другите спиеја, ја употребив својата моќ да господарам со соништата.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Момчаците пееја над него и го успиваа: Кон слобода чекориме, се бориме, се бориме.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
(15) Не потекнува ли тагата на младиот човек, кој разбрал дека еталон метарот ја загубил својата моќ да ги мери раздалечините од онаа сосема космичка меланхолија типична за fin-de-siecle и која ќе ја најдеме и во една песна на Laforgue со наслов Тажачката на времето и неговиот другар простор?
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
За да се утешат во возможноста на нивната мисија и нерамноправен бој со зборовите, кои ја губеа својата моќ на најголемото бојно поле на времето, нивна утеха остануваше тишината, составена од зборови кои не се кажани.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко во својата егзилска епопеја влегуваше во контакт со тишината длабоко во своето битие.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој својата моќ, својата омнипотенција ја здобил со присоединување на целата нација кон себе.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Магличава ноемвриска ноќ, уличната светилка се бори против темнинатата со сета своја моќ.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Петок Февруари ...и без да се сетиме на неа, осамата доаѓа немо и тивко, тромо најавувајќи ја својата моќ, својата желба за освојување дури до прогон.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Традиционалните позиции на уметничките активности се чини дека ја губат својата моќ, додека нејзините нови локации стануваат сѐ помоќни. 134 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Не се врати ниту во Цариград, каде што, во зенитот на својата младост и на својата моќ, можеби и ги мина најубавите години во животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Светлината од месечината влегуваше низ прозорците и се мешаше со светлината на свеќите губејќи ја својата моќ.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А којзнае, можеби и самиот наеднаш се виде престрашен од својата моќ бидејќи изгледа сфати дека покрај другото таа негова моќ за жал ги скусува и посаскуваните вињаци.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И ќе речам веднаш: знаев зошто Господ Саздов не ми се допаѓа но не знаев зошто не го мразам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Му се чинеше дека таа, свесна за својата моќ, намерно се задржува во темнините.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
82 Карактеристиките на јавниот простор може да се сумираат на следниот начин: - се дефинира преку процес на исклучување (според раса, род, класа, сексуалност, возраст, попреченост) - структуиран е и ограничен со закон (и сѐ понагласено се регулира и е под полициска контрола) - претставува подрачје за политичко делување (место на протест на работниците, за правата на жените, сексуалните слободи, расната еднаквост) - служи како церемонијална сцена за државата да ја покажува својата моќ - служи како место за собирање, простор за социјализација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Од друга страна, јавниот простор е нагласено материјален, тој е стварна локација, место „тлото врз кое и од кое тече стварна политичка акција“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
А колку повеќе ќе наследам од тебе, толку помалку ќе постигнам со својата моќ!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Јас повеќе сакам да се одлкувам со највозвишено знаење, отколку со својата моќ. Збогум!“
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Знаев дека раскажуваме една иста, голема балканска приказна, секој со својата моќ, и од сорствениот дел на судбината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)