свој (прид.) - молчење (имн.)

Улицата тапо нѐ гледаше со многуте ситни прозорци како да нѐ заплашува со своето молчење.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Хм“, пристори брезничанецот. „Барем јас секогаш сум таму, ама не знам...“, додаде и пак потона во своето молчење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Така се случи мојата коса да се престори дом за зборовите што ги шепотеше милувањето - се трудеше Јана да ја прераскаже приказната за една љубов што Зрновски веројатно ќе се обиде да ја игнорира со своето молчење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)