свој (прид.) - можност (имн.)

Имено, со раздвојувањето љубопитниот круг ги удвојуваше своите можности за доживување.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Во една таква состојба, британскиот премиер В. Черчил, перфиден политичар и стратег, сосема реално ги оценил своите можности наспрема советскиот рејтинг во Југославија и во Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Промената кај Черчил настапила по заминувањето на Тито од островот Вис, по што Черчил престанал да му "верува на Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Сакаш да те стоплам? - праша речиси без глас, и јас бев сигурен дека таа настојува со сите свои можности вистински да ми помогне.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Успеав, нели? - прашав, задоволен од работата што изгледа успешно ја бев извршил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Човек, така да се каже, паѓа, бидејќи живеел преку своите можности.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Можеби тој воајер кој наѕирнува од некое скришно место ќе поверуваше дека Анастасија си вообразува оти нејзината рака е крило што сака да ги испита своите можности за полетување?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Иако цело време Агенцијата доцнеше со исплатата, за спорен период се земени само четири месеци, поточно времето од јуни до септември 2007 година – за што Мушаланов претходно и се консултираше со адвокат (С.Атанасовски), кој беше негов сосед и близок пријател.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Токму по негова препорака, тие изготвуваат писмена Опомена пред тужба и ја праќаат по пошта до подоцна тужениот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Застапникот на тужената Агенција т.е. нејзиниот управител единствено беше присутен кога се вршеше вештачењето, во април и јуни 2009, и воопшто не го оспори тужбеното барање ниту по основ, ниту по висина; а, претходно, не ја искористи ниту својата можност да даде одговор на тужбата.5
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)