свој (прид.) - мислење (имн.)

Откога ќе дознае што има под него, веднаш го менува своето мислење: станува поспособен со поголема самодоверба во себе си, добива елан да продолжи да твори, добива мотив за креирање и изнаоѓање на модели да го промени тоа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тинејџерите се извонредно приемчиви за светот околу себе и во развојната возраст им е потребен постојан проток на информации, што ги разменуваат меѓу себе и врз нивна основа си градат свое мислење.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но ќе се нареди и таму. Нема таква сила по велешко како овде, — им го кажа своето мислење Ѓорче и ги повика беловодичани што го доведоа него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе си ја земиш ли ти таа грижа со твоите Анадолци да ја свршиш уште таа работа? — го праша Дургут Бахтијара, што требаше во исто време да значи и заповед за акција, бидејќи Дургут беше главен заповедник на сите овие вооружани сили.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе ви бидеме некој ден и друг пак вам гости, кога Толе ни го откажа своето гостопримство...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Каде можат да бидат на друго место ако не во Мариово? — го изнесе своето мислење Џавид кој имаше долго искуство во бркањето на арнаутските качаци по Албанија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но не се осмелував да имам свое мислење, не, не.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Овој орган своето мислење, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, го изготвува врз основа на информацијата за економско – финансиската состојба на субјектот за претходната година и деловниот план со показатели за економската подобност од самовработување на странецот, која ја доставува барателот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Консултациите се спроведуваат: (1) кога времето, методот и нивната содржина се соодветни; (2) на релевантното ниво на раководство и претставување, во зависност од прашањата за кои се консултира; (3) врз основа на информациите што ги обезбедува работодавачот, во врска со информирањето и на мислењето на претставниците на работниците; (4) при потреба претставниците на работниците да се сретнат со работодавачот и да добијат одговор за секое свое мислење и (5) во поглед на можноста за постигнување договор за одлуките во рамките на овластувањата на 26 Согласно последните податоци на Заводот за статистика, бројот на активни субјекти со над 50 вработени во Република Македонија изнесува 2.1% (в.повеќе - http://www.stat.gov.mk/ PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=79).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но, мораше да го промени своето мислење веднаш откако почна да се приготвува да си легне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа, Трајана Дамческа, иако беше жена, за сè што ќе се договореа да направат или ќе направеа жителите на Потковицата, имаше свое мислење и по свое го правеше и, мораа да ѝ се признае, повеќе пати работите излегуваа на нејзиното.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така и сега постапи; коа се согласи син ѝ Ѓоре да ја отера бомбата во Прилеп, го симна чифтето од рамена, му го предаде на Крстета Јанчески и му рече А ти во замена ќе ми ја дадеш пушката твоја, за ако се најде некој будала да ми се плетка во работата по пат, да го стокмам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На тој начин предизвикуваат само болести во себе – го даде своето мислење старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во разните спорови што се воделе во врска со ослободителната борба тој успеал да го наложи своето мислење и став.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Конечно, се чини дека толеранцијата воопшто не е возможна, бидејќи оној што ја практикува го тера или кон противречење на самиот себе си или кон самоуништување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некои црквени и некои научни кругови се објективно сојузници против духовната алтернатива. Thomas Jefferson запишал дека поединецот може да ужива јавна доверба без оглед на своето мислење за бог и геометријата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не сум сигурен дека резултатите од референдумот изведен кај нас би покажале мнозинска согласност со Jefferson.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А К.Мисирков, не само како член – основач и еден од раководителите на една значајна филијала на ТМОРО во Петербург, туку и како личен учесник и набљудувач на овие настани, имаше морално право и општествена одговорност да го изнесе своето мислење за најважните прашања во тој историски момент.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој има право слободно да го изрази своето мислење, да избира и да биде избран на слободни избори.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Две години по поразот кај Јена, 1808, повикан да го даде своето мислење за една збирка на најдобра германска поезија која би била пристапна за германскиот народ, на молителите тој им даде само еден совет: во својата антологија да ги вклучат и германските преводи на странските поети.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се готват ли, се нудат ли тука некакви одговори, тоа вие видете го сами. »» Рековте: „На интелектуалецот му останува цивилизациската форма да ја презентира отстрана на сите тие случувања, со праксата на своето мислење во коешто локалната тема на тие случувања е ставена на свое место”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За ангажман овде се смета политичката дејност, изнесување на своето мислење за овие или оние политички проблеми, то ест наметнато мислење за наметнати проблеми.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ги почитував, иако често имав свое мислење, различно од твоето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа го забележа тоа, но чувствуваше потреба за прв пат сега гласно и отворено да го каже своето мислење без да се надева дека тоа ќе измени нешто во нејзините односи со Киријаз.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега, квотата за работни дозволи годишно ја утврдува Владата на Република Македонија по предлог на министерот за труд и социјална политика, а врз основа на предлог на Агенцијата за вработување и во соработка со министрите одговорни за соодветните области, согласно со законските прописи, при што свое мислење може да даде и Економско социјалниот совет (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во едно слободно општество на секој човек треба да му биде допуштено светот да го гледа на каков што сака начин.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еврипид на едно место вели дека е роб оној човек кому не му е дозволено слободно да го изнесе своето мислење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека светлото постепено се смалува, позади сцена се слуша глас: - Повикани сте да го проследите овој исечок од животот и за него да даде свое мислење.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
- Јас не можам да го дадам своето мислење додека не добијам одговор од својата Влада... - рече Англичанецот чепкајќи ја лулата со клече.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во жалбата наведе дека вештото лице кое изврши увид, дава свое мислење само околу тоа колку е оштетена куќата а не и кои се причините што довеле до оштетување на куќата; дека вештото лице самото наведува дека не е стручњак по ова прашање; па спрема тоа, треба стручно лице да даде свое мислење за причините што довеле до пукање на куќата, зашто има и други куќи во селото што се на иста или приближна оддалеченост од каменоломот, а не се оштетени; што се однесува до сведоците: тие тврдат дека пред употребата на експлозивот, куќата не била напукната, но не можат да тврдат дека тие пукнатини настанале токму од експлозиите или од нешто друго.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во друштвото на народите дојде до спротивни мислења на големите сили околу толкувањето на документите, како и одлуката на Конференцијата на амбасадорите од 6 декември 1922 година, и тоа побара од Меѓународниот суд во Хаг да даде свое мислење околу главниот документ - Протоколот од 1913 година.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Нема што да бараме... - рече Италијанецот, - ние сме тие што треба да ја расчистиме таа непрецизност; да ги видиме терените и да дадеме свое мислење... Да изготвиме Извештај...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Цветан Горски, сега беше на јасно дека ќе може слободно и до крај непречено да го изнесе своето мислење, а тоа на почетокот, и не сонуваше оти ќе може да го стори.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бидејќи не забележа ништо вознемирувачко, по некое време, престана да им обраќа внимание и си го продолжи патот гледајќи пред нозе и мислејќи си го своето мислење.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ставот кој изискува секој попрво да ја подарува довербата на своето мислење го потценува обратното тежнеење кое своето мислење би сакало да го закачи за мислењата на другите лица кои се многу поповикани да имаат мислење (како што во кинеската еротика се одложува сопственото уживање за да му се приушти на другиот и за да се стекне една снага и продлабочено знаење).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тешко - зашто сите луѓе сме различни, секој има свое мислење, свој поглед врз нештата, што е добро.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Навистина, личноста на Searle која е во собата не е во позиција да изрази гледиште, исто како што соголениот хардвер на Von Neumann-ов компјутер нема свое мислење.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)