свој (прид.) - мисија (имн.)

Тој ја оствари својата мисија во текот на осумдесеттите - бурна застрашувачка деценија на негативен пандемониум.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Па нели Исус ја ширеше својата мисија шетајќи бос и облечен само во бела наметка.. - му одговори Метакот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Како резултат на тоа ноќта на 6 јуни два авиона биле успешни во извршувањето на својата мисија, по неуспехот на четирите претходната ноќ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Поради неактивност и соработка со окупаторските и квислиншките сили Велика Британија во почетокот на декември 1943 година дала наредба за повлекување на своите мисии од четничките штабови со што била “повлечена и службената поддршка на Михајловиќ“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Дотогаш СОЕ имала свои мисии во Грција и Југославија помагајќи ги сите оние кои давале отпор против окупаторот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Бидејќи Кларк бил повреден и му била потребна медицинска помош својата мисија Perseverance ја препуштил на поручникот Мекдоналд, а тој продолжил со мисијата на Џорџ Квајн која требало да замени за Македонија каде се надевале дека ќе може да биде илегално префрлен до Скопје каде што би можел да добие потребна медицинска помош.112 ____________________
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Секој си има своја мисија во животот!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ќе си остане верен на својата мисија па, ако биде суден за нешто што не е виновен, на крајот, нека пресуди Бог.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко стануваше свесен за деликатноста и за комплексноста на својата мисија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во овие мигови, кога во однесувањето на другарот Чапаев откриваше доверба, Татко помислуваше на дежурниот сон од својата мисија: ако биде избран за судија на овој Суд, ќе може да трага поуспешно по старите кадиски записи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но мораше да остане докрај доследен во извршувањето на својата мисија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се прашувал: Како и зошто дојде до тоа стиховите да ја извршат својата мисија, да погалат, да облагородат во длабочината на фронтот, а не во близината на стиховниот источник, поточно во мојата најблиска близина?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со ова „курирот“ Душка успешно ја заврши својата мисија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Раскажуваа за своите мисии во поединости, а беа повикани да сведочат за одредени прецизни работи за земјата во која требаше да замине некој од нас, за врвни луѓе од политичкиот живот дамна исчезнати, за настани кои ја беиле изгубиле нивната актуелност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тука бев една година со познатиот француски поет и ректор на Сорбона Робер Мале, кому претседателот на тогашната Француска Република, по историските настани од 1968 година, по неуспешната интервенција на полицијата да ја смири ситуацијата, му ја доверува судбината на Универзитетот, по мирен пат да го разреши не само големиот генерациски конфликт, туку и една од големите европски кризи на интелектуалноста и власта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Позната е неговата изрека дека народот е како прашина која се движи како што тој ќе дувне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Под знакот на парадоксот појдов во дипломатијата, под знакот на парадоксите се враќав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најголемиот парадокс беше што на крајот од својата мисија ја губев земјата којашто ја претставував!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Робер Мале останува верен на својата мисија оти по мирен пат ќе го разреши судирот, верувајќи, како и во поезијата која ја создаваше дека останува конечен жител на татковината на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зарем Бургиба ја немаше историската шанса, како и многу други владетели, да ја предаде својата мисија, раководењето на Републиката, на друг владетел, почитувајќи ги демократските принципи, со кои се раководеше тогашна Француската република, чиј ученик беше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И синот-наратор, довчерашниот амбасадор, започна да трага по татковите книги, да ја продолжува татковата, но и својата мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но Камилски не мислеше да ја шири оваа дебата, сакајќи и тој, како Татко, на крајот да ја завршат својата мисија, да ги опфатат и другите планирани и замислени ориентализми, се разбира, оставајќи простор, на некој посебен кој би го оправдал заедничкото внимание!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LVI Како што минуваше времето и мисијата се ближеше при крајот, Татко и Климент Камилски стануваа сѐ поуверени дека со секој нов толкуван ориентализам во балканските јазици навлегуваа во тајни на долговечното османско време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оставана често сама, во клетата туѓина, како што велеше таа, мораше, во својата мисија, да се снаоѓа самата во пресудните мигови, како што знаеше и умееше, барајќи за своите постапки, кога беа во прашање чедата, да му полага есап првин на Бога, а после на државата, на идеоло­гиите, на другите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка си ја продолжуваше, си ја приспособуваше својата мисија да брани, да спасува, и низ сè посилните налети на судбината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Едо беше задоволен од почетокот на својата мисија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мојот компањон, амбасадорот Патрик Крисман, од последната дипломатска мисија, кога јас бев во Франција, а тој тогаш во Македонија, ја продолжуваше својата мисија во Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Амбасадорот Патрик Крисман во 1996 година ја заврши брилијантно својата мисија во Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Амбасадорот Крисман, кој ги доживеа пеколните денови во Албанија, достоинствено вршејќи ја својата мисија, ризикувајќи го својот живот, откако ја предочи кусата анализа, во ниту еден момент не зборуваше ни за своите тешкотии, ни за своите проблеми, за разлика од други амбасадори, кои беа во рајски услови во споредба со албанските, се жалеа за тешките услови на работа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
БРИТАНСКИТЕ ВОЕНИ МИСИИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ТЕКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таа новонастаната ситуација, политичките стратези во Британската разузнавачка служба сфатиле дека тоа е погоден момент да испратат свои мисии на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)