свој (прид.) - мирис (имн.)

Меѓувреме се движеше блиску до него пијанејќи го со својот мирис, но без да го допре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По погребот и останатите обврски, се вратив во татковото куќиште, полно со старудии кои одамна го загубиле својот мирис и добиле некоја заедничка реа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како евтин парфем, значењето му испари од шишенцето на формата во која дотогаш мирисаше и со својот мирис му ги исполнуваше деновите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со тие мисли се вовлеков во постелата, но не можев да заспијам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Душкаше. Ги креваше капаците од сите чинии и допушташе пареата да му го обвива лицето со својот мирис.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)