свој (прид.) - мечта (имн.)

И во таа своја мечта верувавме. И верувавме во надежите. Тоа ни остануваше...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Својствениот допир на медузата Предизвикот на фиктивниот молк Имагинативна стварност изгубеност во своите мечти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ќе ткаат килими, ќе ги вткајуваат во нив своите желби, своите соништа, своите мечти, а во тие убавини што ќе излезат од под нивните прсти некој друг ќе ужива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Отпатува некаде по работа на два месеца, а тогаш се намести некако овој Аљоша, со своите мечти, со кофите со боја.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во екот на војната, таткото во проучувањето на јагулите во Струга го наоѓа оправдувањето на своите мечти за емиграција, но од Балканот на XX век, трансформиран во лавиринт од конфликтите и појавата на непреминливи граници, веќе не се емигрира, човек се врти во круг, се загубува, и семејството ветено за Америка, запира во Скопје, главен град на Македонија, на брегот на една река, Вардар.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)