свој (прид.) - мајстор (имн.)

20. СЀ ШТО ГЛЕДАШ НАПРАВЕНО, СВОЈ МАЈСТОР СИ ИМА - сал бракот да го стокмат два мајстора се вдале, та затоа од Адам и Ева сѐ нешто му нему клима, сѐ нешто му е недоправено, сѐ нештичко му фали...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Сега знаев дека Пенчо се трудел да личи во одењето на својот мајстор во апашкиот занает.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Секако го пренесуваше од куќата на својот мајстор во слаткарската работилница, недалеку оттука.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Димко отиде на занает кај коларот од соседната улица, Аким пак се врати кај својот мајстор во слаткарската работилница, Баждар преседе некое време зад катинар потоа се изгуби од улицата кон онаа страна на Вардар и му стана помошник на еден рибар, за некое време остана кај него на работа да ги печали тврдите залаци на црниот леб, онака како што никогаш не ги печалел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)