Одеа полека кон селото. Коњите разнемоштени, едно од тешкиот товар, што дотогаш го тегнеа, друго од разделбата и немоќта што не можеа да му помогнат на својот стопан, со вина во погледот врискаа... час подигајќи ги предните нозе, час се тегнеа наназад вклопувајќи ги задните нозе вземја, со високо кренат опаш ја покажуваа својата лутина.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ако возрасните гаврани можат да ја изразуваат својата лутина со непрекинат и неразбирлив говор, двете млади гавранчиња, обидувајќи се да ги употребат своите крилца под старателство на многу грижливите родители, сигурно мислат дека се испилени само со една единствена цел, да ги вежбаат своите белодробни крила.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но, да имаше и шестпати по шестотини, пак ќе го имаше тој пргав, лесно запалив карактер, си помисли, и одеднаш си се насмевна самиот на својата лутина.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тој не му наложи да почне да пишува за да го казни за сите оние години пред тоа кога само ја расфрлаше својата лутина и со неа ги ништеше оние луѓе околу себе што веруваа во нешто друго.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Додека ја смируваше својата лутина, збивајќи го острото сечило во телото на Јурукот, некаква далечна, избледена слика, или одглас на некаков разговор, за миг му прелета низ главата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не само што заспа и заборави на својата лутина на Јани, туку и засонува.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)