свој (прид.) - луле (имн.)

Мајка ми се правеше рамнодушна ама беше нервозна и секогаш наосилавена на нас децата; баба ми нешто скришно го караше дедо ми, а дедо седеше сѐ понапикан во огништето со главата наведната и некако свртена кон ѕидот, како чиниш да пушеше кришум од своето луле направено од кочанка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Со своето џебно ноже Милан ја иструга длабнатинката на своето луле, ги истресе иструганите остатоци и полека повторно го наполни лулето и го запали.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кирил стана. Фрли поглед кон старецот кој го догоруваше своето луле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Една вечер, набрзо по заминувањето на инженер Александар и Елена, додека по вечерата почиваа на трупецот пред колибата, и ги смукаа своите лулиња, доктор Коста му рече на дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старецот, често, пред да се прибере на починок, во убавите денови знаеше да поседи на тоа трупче, да ги гледа ѕвездите и да влече чадови од своето луле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Доктор Коста го гмечеше со палецот своето луле, молчеше загледан во темните сонливи буки, неми, скротени од тивката августовска ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Докторот го запали своето луле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Прекина за час дробејќи ја цигарата во грлото на своето луле; беше бавен и со полно отсуство на духот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бошко почна да го полни своето луле и се обиде да се пошегува: - Го криеш ли уште тутунот?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)